Никој не ги сака општествено одговорните акции како ние во Осигурување Mакедонија и затоа постојано ги зголемуваме. Има ли нешто поубаво да поминеш ден во активност за која знаеш дека ќе предизвика радост и во срцата на оние на кои најмногу им треба?
Една од омилените активности од претходната година ни беше посетата на СОС Детско село. Активностите што ги поминавме со децата тој ден остаа длабоко врежани во нашите срца, така што решивме оваа година да направиме нешто слично.
Изминатиот четврток на 10 октомври им подготвивме едно изнанедување. Посетата беше во рамки на SOCIAL ACTIVE DAY опцијата за нашите вработени. Спремивме и исцениравме четири натпреварувачки игри во дворот на СОС Детско село кои во исто време ги едуцираа децата за заштита во случај на природни катастрофи (пожар, земјотрес, поплава). Игрите беа во форма на игри без граници и во секоја од нив се натпреваруваа два тима.
- Првата игра содржеше елементи за тоа како треба да се однесуваме во случај на пожар. Да лазат ниско кога има чад, да се тркалаат ако облеката фати оган, да ги избегнуваат пламените и да се јават на пожарна.
- Втората игра беше поврзана со земјотрес и ги учеше децата дека кога ќе осетат земјотрес треба да се скријат на безбедно и да ја штитат главата.
- Третата игра се однесувше на поплавите и ги учеше децата во случај на поплава да се движат кон повисоко, и уште поважно со себе да го носат само она што навистина им е потребно.
- Четвртата игра им покажа дека соработката е потребна кога сакаме да постигнеме поголем ефект, а тоа го прикажавме со користење на голема кофа вода и пластични чаши за гаснење на импровизиран оган.
Нашите вработени исто така беа вклучени во игрите. Помагаа при подготовката, беа дел од тимовите и учествуваа во советување за брзо завршување и разбирање на задачите и најважно од сè силно ги бодреа децата.
Пред почетокот на игрите децата имаа и интересна презентација со помош на анимирани ликови од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Преку неколку кратки видеа подготвени за најмалата публика, децата беа запознаени со основните препораки во случај на природни катастрофи како полава, пожар или земјотрес.
На крај на денот сите бевме презадоволни од искуството. Ние си отидовме дома со благодарница изработена од самите деца, а тие со дипломи кои им ги припремивме за да се сеќаваат на овој ден и на возбудата со која беше исполнет, како и советите кои ги научија како да се заштитат себеси и тие околу нив.