Слатка зимница за младинците од СОС детско село

Biljana|07/10/2021 | Вести |

Октомври има различно значење за различни луѓе, но кај нас најчесто се поврзува со најубавиот дел од есента. Време кога се менуваат боите се спремаме за ладното време и приготвуваме зимница. Подготвувањето зимница има посебно место во срцата на нашиот народ бидејќи ги зближува луѓето и заедницата. Ова се последните сончеви денови кои ни овозможуваат да поминеме уште драгоцено време надвор во дружење и активности, па затоа решивме да оствариме уште еден Social active day таму кај што е најпотребно.
Овој пат нашите вработени се придружија на пријателите од СОС детско село- младинска куќа во акција во подготовка на зиминца за штитениците.

Уште во раните часови на самиот почеток на месецов, во сабота 02.10,2021 доброволци од Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп го посетија СОС детско село каде што заедно со згрижениците поминаа незаборавни сончеви часови во дворот, дружејќи се и подготвувајќи зимница.

Денот го започнаа со мала закуска со вкусни подготвени лепчиња и пишии, како утрински буст за да подготват уште подобра зимница. Дворот сеуште раззеленет и украсен со шарени сардели само им го зголеми расположението за здружена работа.

Разнобојните зеленчуци и модрите сливи весело се префрлаа низ вредните раце на нашите вработени и разбудуваа насмевки кај сите. Како и секогаш нашиот Social Active day вроди со плодови и овој пат тие беа најслатки. Младинците беа среќни и заоволни да учествуваат во ова необично дружење од кое понесоа спомени во вид на тегли полни со вкусна зимница и џем од сливи.

Нашата компанија ќе продолжи со вакви општествено одговорни активности, не само зашто се насочени кон помош на некој во потреба, но и поради тоа што го зголемуваат задоволството кај вработените кои помагаат.