Разбирање и разубавување

Biljana|05/09/2019 | Вести |

Со приближувањето на нашата 75 годишнина од постоење го привршуваме и проектот 75 активности за општествено добро. Во изминативе 5 години бевме насекаде. Помагавме онаму каде што е најпотребно, излегувавме во пресрет на културни, спортски, здравствени и добротворни организации. Реновиравме, чистевме, готвевме, помагавме, дониравме. Се дружевме со деца со старци, со оние кои се борат со болест или недостаток на средства. Помогнавме на институции, приватни лица и невладини организации. Добивме и награда и поддршка од нашата групација

Една од последните такви активности е реновирање на училницата за англиски јазик во детската библиотека „Другарче“ во Карпош 3. Оваа училница која нуди висококвалитетни часови по англиски јазик не беше обновена со децениии, поради што се наоѓаше во незавидна положба, затоа тука решивме да се вклучиме.

Како продолжение на нашите заложби за подобрување на условите во библиотеките кои се наоѓаат под гратската библиотека „Браќа Миладиновци“ со задоволство се зафативме со овој проект, кој вклучуваше:

  • Промена на застарената електрична инсталација со нова
  • Промена на застарените светилки со штедливи лед светла
  • Набавка на нови клупи и столчиња
  • Донација на плакари за чување на надгледен материјал
  • Освежување и молерисување на училницата
  • Разубавување на ѕидовите со весели мурали

Се разбира покрај донацијата при разубавувањето на оваа училница се вклучија и наши вработени, кои што лично учествуваа во боењето на муралите и заедно поминаа незаборавно попладне со општествено одговорна активност.

Нашата цел е да ја зголемиме свесноста дека сите можеме да се вклучиме во подобрувањето на заедницата со труд, упорност, истрајност и разбирање. Со овој проект покажуваме разбирање кон културните и образовни институции и нивните потреби за подобрување на квалитетот на заедничкото живеење на сите.