Вчера пред платото на министерството на финансии присуствувавме на отворањето на деновите на финансиска писменост кој започна со промотивен настан „Едуцирај се, забавувај се“
Целта на деновите на финансиска писменост е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
На настанот со инфо-пултови учествуваа институциите од Телото за финансиска едукација, односно Министерството за финансии, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС.
Учествуваа и банки, осигурителни друштва, штедилници и други финансиски компании кои ја поддржаа акцијата. Нашата компанија постави штанд на кој споделувавме информираме за услугите кои ги нудиме.
Подготвен беше и детски корнер наменет за деца од градинка и ученици од прво до трето одделение. Во терминот од 11-14ч имаше посета од ученици од основно и средно училиште.
Беа присутни и претставници на Агенцијата за супервизија на осигурување кои беа на располагање на јавноста и минувачите за информативни разговори од нашата област.
Деновите на финансиска писменост ќе се одбележат во периодот од 29 до 31 мај 2019 година. Концептот за одбележување e да се реализираат како отворени денови на финансиските институции во земјата, за сите граѓани.
Голема е важноста на финансиската писменост, особено во нашата држава каде што е на многу ниско ниво. Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во својот говор нагласи дека таа е од корист за целото општество, бидејќи повисокото ниво на финансиската писменост корелира со високото ниво на финансиска стабилност во секоја економија. Исто така таа нагласи дека се преземаат повеќе активности за проширување на знаењето на помладите генерации, но и на повозрасното население.