Кога нашиот труд ќе вроди со плод

Biljana|21/03/2022 | Вести |

Посебно задоволство ни е кога ќе видиме дека целата наша работа во сферата на општествената одговорност е плодотворна. Како и секоја останата година, така и претходната беше исполнета со многу акции донаторства и спонзорства.

Секоја година нашите соработници, кои ни овозможуваат да ја покажеме нашата спремност да помогнеме и да се вклучиме во добротворна работа, изразуваат благодарност на свој начин.

Како такви мораме да ги споменеме СОС детско село, кои секоја година нè вклучуваат во своето семејство и изразуваат позитивен фидбек со соделување посебни благодарници на настан специјално одржан за тоа. Така и пред неколку дена бевме дел од нивниот специјален настан посветен на донатори каде што добивме посебно признание статуетка „Најголем корпоративен донатор“.
Oваа благодарница многу ни значи и ни е поттик плус за да продолжиме со нашите благородни акции инспирирајќи повеќе организации да го прават истото.

Подолу се дел од останатите организации кои ги помогнавме во 2021 и со кои ќе продолжиме да соработуваме и следната година

Ранливи групи граѓани
Проект среќа, Здружение за хуман и општествен равој го подржавме и во посбен ТВ проект : Проект куќа и акција во рамки на Social Active day
https://www.proektsreka.mk/

СОС Детско село 5 години донаторство и акции во рамки на Social Active day
https://sos.org.mk/

Маца Овчарова ПСУ
http://www.poumacaovcarovaveles.edu.mk/za-nas/

Екологија
Агенда 21 -еколошка емисија на ТВ Телма и КМК Продукција со Весна Петрушевска и Игор Џамбазов за првата сезона и генерални спонзори на ТВ спот за втора сезона во 2022 година

Култура
Женски камерен хор, Св. Злата Мегленска помогнат во повеќе наврати во минатите години и во 2021 овод 25 години јубилеј.

Киненова – Интернационален филмски фестивал

Министерството за култура
Донација за реконструкција

Здравје
БАЛАНС МК-Асоцијација за детски дијабет на Македонија“,
Спонзорство на примателот на агенда за одбележување на Светскиот месец и ден посветен на борбата со дијабетесот 14 Ноември

Здружение Визија за подобрување на животот на лицата со посебни потреби АУТИЗАМ

Спорт
FK PRESPA RESEN
Здружение на граѓани ИБА Скопје, – баскет академија

Ова се дел од оние на кои им помогнавме и сме почестени да сме дел од нивните успеси.
Така што, неизмерно нè радува кога нашиот труд ќе биде ценет и значаен за оние на кои сме помогнале и ќе добиеме фидбек за резултатот на нашата работа.