На 15 октомври времето како за чудо се подобри, токму за нашата посета на децата на СОС детско село за еден нов успешен Social active day. Времето ни овозможи оваа посета да ја завршиме според планот и насмевките да ги направиме уште по заразни.
Децата од СОС детско село добија различни материјали за да се изразат креативно: од моливи, боички и фломастери, целосни ученички прибори, водени и акрилни бои, платна, хамери и хартија. Тие се распределија под топлото сонце и заедно со доброволци од нашата организација ги спремаа своите дела.
Во меѓувреме друг дел од нашите вработени со дел од децата играа фудбал на игралиштето и се забавуваа на топлата светлина од есенското сонце.
Уште една група од доброволци од нашата компанија подготвуваа палачинки за сите кои се дружеа, спортуваа и уживаа во овој заеднички ден.
Дружењето го завршивме со надворешна изложба на цртежите кои ги изработија децата дегустираји ги вкусните палачинки.
Оваа средба значеше многу за сите од нас. Децата од СОС детско село беа одлични домаќини и великодушно се забавуваа со нас до попладневните часови. Нашите вработени се здобија со едно топло несекојдневно искуство што ги збогати нивните животи и ќе остане долго во сеќавање.
Ваквите денови низ дружење, солидарност и заедничка активност се нешто што секогаш ни претставува задоволство како компанија да го правиме почесто. Нашата цел е да покажеме дека сите сме одговорни на свој начин за општеството во кое живееме и да станеме посвесни за придонесот кој можеме да го дадеме за да го подобриме. една детска насмевка, еден топол есенски ден е промена која значи и колку повеќе се насочиме кон тоа, полека но сигурно ќе се движиме кон опѓтество во кое сите сме позадоволни.