EN MK

9 МИНИ СОВЕТИ ЗА МИНИМАЛИЗАМ

Токсичноста на консумеризмот и неговите негативни ефекти го чувствуваат сè повеќе луѓе, што во последниве години доведува до развивање на нови антиконсумеристички трендови. Покрај трендот за организирање на домот, кој започна уште со рекламите на Икеа, и се разви во светска треска со Конмари методот, во западниот свет се оди во друга крајност – која би направила баланс со лошите навики за купување, наречена минимализам.


Иако тежнеењето да се има помалку, да се троши помалку, да се прави помалку не е воопшто ново и го има скоро во сите спиритуални и религиски доктрини, минимализмот денес добива ново материјалистичко значење како скала на патот кон успехот и среќата.
Денешните поборници на минимализмот ги споделуваат своите искуства како разбудувачки и ослободувачки. Ја шират својата идеа по блогови, Јутјуб влогови, па дури и на организирани турнеи каде ги запознаваат луѓето со ова ново (старо) откритие.
Ние денес ќе ви презентираме неколку едноставни начини кои би можеле да ви помогнат да направите мали чекори кон поминималистички животен стил. Сфатете ги како кратки инструкции за почетници кои скаат домот да го прилагодат за минималистички начин на живеење.
Ништо од ова нема да ве направи минималист преку ноќ, но само може да ви го отвори патот кон ослободување од непотребна натрупаност која ви го отежнува живеењето.

1. Задаj си јасна лична цел (и временска рамка)

Која е твојата лична дефиниција за поминималистички дом и живот? Дали да имаш само најминимален број на објекти? Дали да ослободиш цела соба со работи кои не си ги погледнал/а со месеци? Дали е да научиш да живееш со помалку или да престанеш да купуваш работи кои не ти се потребни? Не постои „точен“ начин да се биде минималист; сите може да имаме различна дефиниција за тоа што е едноставно или ослободено од стрес. Само оддели си време за да си спремиш твоја дефиниција. Доколку не знаеш од каде да започнеш со дефинирањето што не сакаш во животот, започни со што сакаш – што прави да се чувствуваш жив/а, за што гаиш страсти – и потоа започни да ги одлупуваш слој по слој нештата кои ти сметаат во правењето на она што стварно сакаш да го правиш.
Дај си јасна цел, расчленета на чекори кои треба да ги направиш (и запомни да ги запишеш нештата кои ти требаат за да ги завршиш тие чекори) и потоа задај си временска рамка во која ќе можеш да го исполниш секој чекор, не само крајната цел. Направи си потсетници во календарот за да ја зголемиш одговорноста. Не запишувај само што е целта, но и зошто сакаш тоа да го постигнеш. (пр. Помалку стрес, повеќе пари, помалку работи кои ќе ти сметаат во преселба, може да е сè што нешто ти значи.)

2. Одлучи како твојот дом може да ти помогне да живееш поминималистички

Твојот подвиг кон поминималистички стил на живот може да те насочи кон помал и поедноставен дом. Ова е голем чекор за оние кои поседуваат или изнајмуваат дом, но не и невозможен. Уште еднаш, започни со целта што ја сакаш да ја постигнеш – биди специфичен/на.
Не си сигурен/на што сакаш? Патувај и изнајмувај домови со големина и опсег каков што си замислуваш. Полесно ќе успееш да си го претставиш твојот иден живот, доколку е големина која е помала од сегашната. Или можеби големината не е проблем, но проблемот е во она што ја исполнува…

3. Расчисти

Ова изгледа прилично очигледно, но може да е најболниот чекор за луѓе кои чувствуваат врзаност за многу нивни ствари. Започни споро и со намера. Прво фрли или донирај го она што најочигледно не ти треба. Потоа спреми и скриј ги сите нешта за кои што мислиш дека можеш да поминеш без нив неколку месеци, за да си дадеш дистанца и да можеш полесно да се ослободиш од нив. Потоа искористи ја таа мотивација да собереш храброст да го однесеш расчистувањето на ниво кое соодветсвува со твојот замислен минималистички стил на живот. Не заборавај дека од колку повеќе нешта ќе се ослободиш, толку понатаму ќе ти биде полесно да постигнеш поедноставен живот и ќе ти овозможи да живееш послободно. Се разбира ова не значи дека треба да завршиш само со кревет и лаптоп, повторно ти треба да одлучиш што за тебе значи да живееш минималистички.

4. Истренирај се да живееш со помалку

Доколку си научен/на на удобности долго време, може нема да си спремен/на одеднаш да преминеш на минималистички живот. Пробај прво со викенди или месеци со намален комфор, постепено илиминирај ќи ги удобностите и луксузите (дури и работи како скапи фризури или посети на кино) и види со што може да се помириш доколку го изгубиш и кои нешта ти се прилично важни и те прават среќен за да се ослободиш од нив.

5. Постојано прашувај се „дали навистина ова ми треба?“

Пред да застанеш на каса, запрашај се „Дали навистина ова ми е потребно?“ И постојано поставувај си го ова прашање. На почеток може лесно ќе си ги оправдуваш купувањето поради навика, но како што прашањето ќе почне да станува поприсутно може да почнеш да сфаќаш дека многу од нештата кои ги купуваш импулсивно всушност не ти требаат.

6. Биди ре-искористувач

Друга добра навика која треба да се проба на патот кон поминималистичкиот стил на живеење е учењето да се биде ре-искористувач. Чувај пакувања за да ги ре-искористиш за други нешта. Научи да ги поправаш работите наместо да ги менуваш. Користи стара облека за направи сам проекти. Биди отворен и креативен за да најдеш начини како да ре-искористиш нешто што веќе имаш, наместо да купиш нешто ново.

7. Инвестирај во квалитетни производи

Кога имаш (или сакаш) да купиш нешто ново, насочи се кон висококвалитетни производи кои ти се важни. Запомни дека е поубаво да имаш празен дом исполнет со дизајнирани предмети кои ги обожуваш, отколку полн дом со нешта кои доволно ти се допаѓаат. Но исто запомни, повторно, дека ти дефинираш што значи минимализам.

8. Биди јасен/на зошто сакаш да живееш минималистички (и често потсетувај се)

Редовно навраќај се на првиот чекор, особено кога нешптата ќе станат потешки, за да можеш да се потсетиш зошто се обидуваш да живееш поминималистички.

9. Прости си и продолжи да се обидуваш

Многумина кои го пробале ова кажуваат дека е многу лесно откако ќе се ослободиш, повторно брзо да се вратиш на старото. Ова е човековата природа. Но не се откажувај од твојот подвиг кон едноставност, доколку се разбудиш еден ден и забележиш дека си дозволил/а непотребни работи да ти го затрупаат домот или плановите. Само започни од ново од почеток, диши, и продолжи да се обидуваш.

Дали ти се обидуваш да живееш поминималистички? Сподели со нас некој од твоите предизвици и успеси во коментар.