Во петокот беше последниот ден од глобалното движење „Неделата за иднината“ која имаше цел да ја зголеми свеста за климатските промени и да го зголеми притисокот врз оние кои се најмоќни нешто да сменат. Земајќи ја во предвид нашата постојана заложба за општествена одговорност и вклученост во активности за подобар свет и општество решивме да споделиме неколку совети како секој од нас поединечно би можел да помогне за намалување на глобалното затоплување.
Притисок врз властите и одлучувачите да донесуваат одлуки и преземаат конкретни чекори за борба со климатските промени е многу важно.
Овој притисок може да се врши на повеќе начини, со придружување на невладина организација која веќе се залага за истот, креирање групи за поддршка, споделување на искуства со роднини и пријатели, состаноци и писмени барања до општината, пишувани мејлови и покренување петиции.
Во најлош случај, доколку ништо од оваа не успее чекај ги следните избори и гласај за оние кои имаат план да се борат со оваа закана.
Со следење на овој совет исто така и ќе заштедиш. Еве неколку пример како да го направиш тоа:
Нашите навики во исхраната имаат голем импакт врз климата. Не мора да станеме сите вегани, но кога секој од нас би направил малку отстапки ефектите можат да бидат значителни. Еве неколку едноставни начини како може да ја адаптирате вашата изхрана да биде попријателска кон околината:
Луѓето ја избегнуваат оваа тема, зашто е тешка, создава напнатост и страв, а понекогаш и неразумно отфрлање на фактите како невистини. Со нормализирање на овие разговори и почесто дискутирање за оваа тема, луѓето полесно ќе се привикнат да ги сменуваат своите навики за да придонесат за подобрување на ситуацијата. На овој начин свеста повеќе ќе се развива и ефектите можат да бидат одлични.
Транспортот има голем удел во загадувањето, затоа тука можеме да придонесеме повеќе. Од друга страна избегнување на штетните транспотрни навики има бенефити за нашето здравје и нашиот буџет. Затоа кога и колку што можеш:
Фокусирај се на поедноставните задоволства во животот – поминување време во природа, или со саканите, правеќи нешто за другите произведуваме повеќе смисла во нашиот живот, припаѓање и среќата, отколку што би добиле со купување и консумирање. Споделување, стварање, поправање, реупотреба и производство на сопствено органско ѓубриво – сите овие се добри начини да се започне
Зголеми ја твојата заложба за луѓето и нештата што ти значат, со секојдневно делување и разбирање дека ние сме едно со природата.
Дури и да не можеш сам да поставиш соларни панели може да го правиш со дирактна инвестиција во таков бизнис или индиректно при бирање на бизнис партнери, клиенти или производители кои го прават тоа. Стави ги на црна листа сите производители кои соработуваат со нафтената индустрија и инвестирај во позелена иднина.
Ова е прилично едноставен и ефективен начин да преземеш акција. Контактирај локална еколошка невладина организација и прашај како може да помогнеш. Тие се секогаш отворени и веднаш ќе те насочат. Такви организации кај нас се: