Откако поминавме еден дел од листата за совети и хакови при селење, продолжуваме со втор дел.
- Групирaј ги обесените алишта во сетови од по три или четири и покриј ги со кеса за ѓубре. Направи дупка на дното од кесата за да може да излезат врвовите на закачалките и готово.
- Вклучи се во групи на Фејсбук за размена или продажба на предмети од домот, или уште подобро во група како „Дај, не фрлај“ кај што можеш да подариш нешто од предметите кои нема повеќе да ти се потребни во новиот дом. Намалувањето на предмети кои никогаш вистински и не ти требале е добро за тебе, особено кога се селиш.
- Спреми си кутија со алати полна со сè што ти треба за растурање и составување на мебел и сл. Чувај ја во автомобилот за секогаш да ти биде достапна.
- Започни со пакување во кујната. Тука се најкомплицираните нешта, односно оние со кои треба да завршиш прво.
- Кога ги пакуваш чиниите, користи стиропорни или хартиени чинии помеѓу нив, за да избегнеш кршење.
- Користи бел сапун за да ги пополниш сите мали дупчиња во ѕидовите каде што биле закачени слики или слично.
- Направи топки од чорапите и стави ги во празните места во кутиите. Ова ќе оневозможи работите кои се во кутиите да се превртуваат или да се удираат по ѕидовите кога ги пренесувате.
- Шрафовите и останатите мали делови од расклопен мебел, ставај ги во зип кесички или слични кеси кои може добро да ги затвориш.
- Прекини со купување на намирници барем една недела пред селењето, за да го исчистиш фрижидерот и долапите во кујната. Да се започне „од ново“ има многу смисла во новит дом.
- Во една кутија спакувај ги сите гаранции или слични важни документи.
- Направи дигитални фотографии од сериските броеви и некои важни предмети кои ти се осигурани. Најмалку сакаш да ги немаш овие податоци, кога најмногу ќе ти требаат.
- Секој член на семејството нека се спакува како за двонеделен одмор. На овој начин ќе се осигурате дека имате што ви треба додека трае процесот.
- Поделi ги кутиите по нивоа (еден, два, три) во однос на тоа колку брзо претпоставуваш дека ќе ви требаат.
- Гледај кутиите да не надминуваат тежина од 18 килограми освен ако не е апсолутно потребно. Ова ќе го забрза селењето поприлично, и нема да настрада никој од помагачите.
- Кога ќе пристигнеш во новиот дом, потполно спреми една соба во која ќе можеш да се одмораш. Повеќето луѓе ја спремаат спалната за убаво да можат да се наспијат.
Споделете со нас ваше искуство со селење. Дали ви помогнале пријатели или сте повикале служба за преселби? Некоја ваша финта што особено ви помогнала или нешто што некој друг ве посоветувал?