Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопјe Виена Иншуренс Груп, воведе мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на компанијата.
Ги известуваме клиентите во случај на потреба од пријава на штета да ја користат услугата на веб страната на компанијата ОТШТЕТА ОНЛАЈН достапна на линкот. http://otsteta-online.insumak.mk. Може да пријавите штета за осигурување несреќен случај (незгода), патничко осигурување, каско осигурување, осигурување домаќинство, пожар и некои др. опасности, провална кражба и разбојништво, машини и машински направи.
За сите Ваши потреби може да ги контактирате вработените на Друштвото на телефоните кои се објавени на веб-страницата www.insumak.mk. Следете ја и нашата фејсбук страница www.facebook.com/insumak.mk за информации.