Во рамки на нашата иницијатива Social Active Day, оваа реализиравме три активности кои ја истакнаа силата на заедништвото, грижата за заедницата и значењето на споделувањето знаење.
✨ Посета на Домот за стари лица „Мајка Тереза“
По повод Европскиот ден на солидарност меѓу генерациите, нашите колеги го посетија Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Денот беше исполнет со разговори, насмевки и топли моменти кои потсетуваат дека врската меѓу генерациите е мост што носи радост и сигурност. Споделените приказни и искрени насмевки ни покажаа дека вистинската среќа се гради преку човечка блискост и внимание.
🌱 Уредување на паркче во Кавадарци
Заедно со вработените од Општина Кавадарци, создадовме мало катче за дружба и убави спомени. Засадивме цвеќиња и дониравме две шах гарнитури, две маси, пет клупи и пет жардиниери. Ова паркче е замислено како простор каде што луѓето ќе се собираат, ќе се дружат и ќе создаваат нови моменти исполнети со убавина и позитивна енергија.
📚 Едукативно предавање во СУГС „Кочо Рацин“
Како една активност што спојува и финиасиска писменост и волонтирање нашите колеги одржаа предавање за осигурување пред учениците СУГС „Кочо Рацин, Скопје, споделувајќи практични искуства и знаења кои ќе им бидат од голема корист во иднината. Учениците добија можност да поставуваат прашања, да научат повеќе за светот на осигурувањето и да понесат со себе подароци како потсетник на денот.