Скршено и убаво

admin|17/06/2019 | Дом |

Градбите во кои што живееме како и работите што ги имаме во домот неминовно стареат и постепено се распаѓаат. Нашиот менталитет, како и актуелниот западен консумеризам е таков што нè тера да сакаме секогаш сè да ни биде ново и блескаво, иако добро знаеме дека тоа е невозможно. Но постои една источна традиција која успеала да се справи со ова на мошне креативен и прекрасен начин.

Се работи за традиционалната јапонска уметност кинцуги што буквално значи златно спојување, и претставува поправање на нешто скршено со помош на злато. Слично како концептот за ваби- саби, и тука јапонската мисла се насочува кон возвишување на несовршеното. Гледање на убавина и во оштетеното, па дури и нагласување на лузните од таа скрешеност. Оваа философија скршеноста ја гледа како дел од историјата на еден објект, не како нешто што треба да се скрие.

Кинцуги се практикувало пред сè на скршена керамика, керамички објекти како шолји за чај, чинии, стомни, но денес е присутна во уметноста и во архитектурата. Резултатот е таков што поправениот објект е поубав од нов, зашто е оригинален и единствен и на некој начин добива карактер.

Најнов тренд на практикување на кинцуги е во корекции на ентериерот, како што може и да видите од фотографиите. На горнате две фотографии скршените плочки во едно париско кафе се пополнети со злато и со тоа стануваат едно мало уметничко дело.

Ове е пример од еден дом, каде што оштетените плочки се заменети со нови, поинтересни кои и даваат нов карактер на целата просторија.

Ова се два примери на поправени подови со помош на кинцуги. Првиот е бетонски, а вториот дрвен. Во првиот случај пукнатината е пополнета со злато и со тоа ствара еден прекрасен минијатурен пејсаж, а во вториот случај, скршеното парче е пополнето со геометриско правилни шестоаголни дрвени парчиња, што од подот прави апстрактна уметност.

Преку овие примери може да ја доживеете естетиката на несовршеноста на скршеното и колку таа може да биде повредна од најновото скапо парче намештај што сте го купиле.

Се надеваме ова ќе ви биде инспирација за разубавување на несовршеностите во вашиот дом и промена на гледањето на истите. И најважно, разбирање на важноста на она што го имаме и поседуваме.

Исто така не заборавајте секогаш да го осигурувате вашиот дом, како и предметите кои ви се важни.

Побарајте пресметка уште денес. Со осигурување на вашиот дом кај нас, помагате во реновирањето на еден дом во СОС детско село. Промоцијата трае уште овој месец.