МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

ЦМР

Осигурување на одговорност на превозникот, ЦМР (Carriers Liability)

Оваа полиса ви овозможува безбедно да ја преземете одговорноста при транспортот на пратките што ви се доверени. Осигурена е вашата одговорност како превозник кон корисниците, односно кон сопствениците на товарот, во меѓународен и во домашен транспорт.

Осигурувањето е во согласност со Конвенцијата ЦМР (CMR) и може да го склучи:

  • секој превозник со возило/влекач – добива годишна полиса по возило, која важи за сите превози во текот на годината;
  • секој организатор на превоз (за сите возила, сопствени и/или туѓи) – полисата се склучува годишно, а секој превоз се најавува посебно.

Ова се само некои од можните штети за кои може да биде докажана вашата одговорност додека го вршите транспортот:

  • целосна или делумна загуба на пратките;
  • оштетување на пратките и на контејнерите;
  • задоцнување на пратките.

Полисата е гаранција за вашиот професионализам со странските и со домашните партнери, таа му обезбедува континуитет на вашиот бизнис.

Плаќање на премијата на рати.

Повикајте ги нашите претставници од продажбата. Тие ќе ви помогнат да ги разгледате потребите за осигурување во вашата фирма. Јавете се на телефонскиот број 02/ 3115-188. Испратете електронска порака на info@insumak.mk. Сите консултации и пресметки се бесплатни и без обврска за осигурување.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188