МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Одговорност

Ќе ви помогнеме да ги идентификувате опасностите во вашата дејност, со понуда за разни форми на одговорност и полиса како да се заштитите

Кому е наменето осигурувањето од одговорност?

Осигурувањето од општа одговорност е наменето за сите правни и физички лица.

  • Наменето е за сите правни лица што имаат потреба од заштита од законска одговорност при извршување на дејноста.
  • Повеќето од ризиците се од интеракција на дејностите со граѓаните (трети лица) и околината.
  • Што подразбира одговорноста од имот на физички лица информирајте се од нашата понуда за домаќинства.

Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп ги осигурува од одговорност сите дејности, на пример:

  • градежни и монтажни работи,
  • хотели,
  • ресторани, барови,
  • рекреативни центри,
  • продавници, супермаркети,
  • производствени погони,
  • пекарници,
  • млекарници,
  • сервиси, инсталатерски услуги,
  • изведувачи на водови и насипи,
  • капалишта, базени, плажи,
  • фитнес-центри, фризери, козметичари,
  • организатори на настани и приредби,
  • трговски центри и продавници.

Што е осигурување од општа одговорност?

Осигурувањето од општа одговорност ја покрива законската одговорност на осигуреникот за смрт, повреда на телото или здравјето на трети лица, како и штети настанати со оштетување или уништување на предмети на трети лица, како резултат на неговата дејност, односно граѓанската одговорност (регулирана со Законот за облигациони односи) според начелото дека секој што ќе му причини штета на друг е должен да ја надомести.

Полисата од општа одговорност обезбедува од штети од поседување на објекти и предмети за вршење на дејноста.

Тоа е осигурување на одговорноста за настан што како последица има физичка повреда или материјална штета, која од страна на сопствениците на бизнисот е неочекувана и ненадејна, како:

  • телесна повреда или здравје на трети лица,
  • смрт,
  • штети на имот на трети лица,
  • правна заштита.

Осигурувањето покрива и судски трошоци само во случај на судски спор, за чие поведување осигурувачот дал согласност.

 

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188