Што значи да се биде дел од една осигурителна компанија? Да си дораснат на предизвикот да уживаш доверба кај другите луѓе. А за тоа треба да имаш отворено срце кое ќе ги разбере луѓето, нивните потреби и проблеми. Токму затоа ние постојано ја важбаме нашата лична одговорност, отвореност и разбирање со постојани активности и практики во полето на општествената одговорност.

Доделување на наградата за најдобро време од женската трка.
Еден таков настан, кој веќе станува традиционален, е нашата интерна добротворна трка „Раздвижи го срцето“ која се одвива на скалите од нашата висококатница веќе две години со ред. Кoнцептот на оваа трка има три аспекти:
- едниот е практикување на здрави навики како трчање кое го зајакнува нашиот организам – особено срцето,
- другиот аспект е хуманиот, каде што победниците ги донираат своите награди за добротворни цели
- третиот е скокоткањето на срцата на сите присутни на овој настан каде што се зацврстува солидарноста, поддршката и заедништвото.
И оваа година, исто како лани, „Раздвижи го срцето“ се одржа на 11 октомври, а патеката по која се искачувавме беа 275 скали на 12 ката. Секој учесник одредува хумана цел на која го посветува своето достигнување и се бори за тоа, трчајќи за најдобар резултат. Избрани беа 8 институции на кои ќе им биде разделен наградниот фонд, а тој исто така баше збогатен и со лични донации од останатите вработени. Натпреварувачите беа бодрени и мотивирани од своите колеги, пријатели и роднини, а присуството на децата од VIG KIDS кампот, кои довикуваа и ракоплескаа ја возвишија целата атмосфера на вистинско празнично ниво.

Учесниците заедно со децата од VIG KIDS кампот
Во наредниот период победниците ќе ги посетат лично добитниците на донациите и ќе се запознаат со нивната работа.
Добитници на донациите:
Дневен центар за лица со церебрална парализа-Прилеп
Центар Мајка Tереза – Гевгелија
Ретвитни оброк
Фондација Рето Надеж – Скопје
Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница во Македонија
ДСУ за образование и рехабилитација Искра –Штип
Прва детска амбасада Меѓаши
Маца Овчарова – Велес
Победници мажи:
- Велко Димишков
- Глигорчо Алексов
- Ангел Шојлев
- Глигор Дубровски
- Филип Мешков
- Дамјан Козаров
Победници жени:
- Елена Алексовска
- Даниела Јакимовска
- Татјана Димов
- Даниела Козарова
- Кристина Сипковска
Ова е уште еден во низата проекти од нашата програма „75 ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ОСТАВАТ ИМПАКТ НА ЗАЕДНИЦАТА“ преку кои сакаме да покажеме што значи да си одговорен граѓанин на нашата земја и уште повеќе одговорен вработен на една компанија која секојдневно ја практикува одговорноста како вредност, бидејќи довербата на нашите клиенти е она што ни е најважно.
- старт на победникот
- двете најдобри времиња (годинешниот и ланскиот победник)
- најбрзата жена на трката
- еден од тркачите со каузата за која се натпреварува
- дел од атмосферата
- дел од атмосферата
- дел од атмосферата
- продажба на маиците за донации
- копчето за старт
- кутијата за донации
- енергија за тркачите
- дел од атмосферата