На самиот почеток на 2022 овозможуваме нова услуга за корисниците на нашето осигурување за транспорт наречена „ПРИЈАВИ ПРЕВОЗ”
Се работи за пристап до веб апликација поставена на нашиот сајт до која може да се пристапи преку овој линк https://start.insumak.mk/ords/f?p=114:1 и е креирана со цел да им помогне на „организаторите на транспорт“ во домашен и меѓународен патен сообракај.
Оваа услуга е наменета токму за оние клиенти чија дејност го носи називот „организатор на транспорт“ и значително го подобрува квалитетот на процесот на работа и меѓусебна комуникација.
Со полисата за осигурување „одговорност на превозникот во домашен и меѓународен патен сообракај“ организаторите на превоз можат лесно и едноставно електронски да го пријават транспорт во секое време. Претходно е потребно да имаат договорено „полиса за осигурување транспорт“ со нашата компанија и со бројот на полиса пристапуваат до веб апликацијата.
„Пријави превоз“ е брзо и навремено решение кое е достапно 24/7 за дејност што користи обемна документација.
Предности на веб услугата се следните:
Организаторот на транспорт може самостојно електронски да пријави превоз и при тоа може и:
- да ја корегира веќе доставената пријава во делот посебни договарања, ако има промени на возилата и релациите на стоката до крајната дестинација или други важни околности за ова осигурување.
- да ја отпечати секоја пријава за превоз и да отпечати извештај на пријавени пратки за одреден период во секое време.
- преку мобилен телефон да пријави превоз и после работно време или надвор од канцеларија
- да ги следи пријавените превози, 24/7, на дневно, неделно, месечно ниво
- да ја следи премијата за осигурување во однос на минималната годишна премија и доколку се надмине да го дополни осигурувањето за одреден период за што ќе има документиран извештај.
- нема обврска спрема осигурувачот за збирни месечни извештаи
- Со пријавување преку Пријави превоз се погоре кажано ќе се регулира автоматски и ќе биде достапно за потребите на бизнисот на клиентот во секое време.
Покрај услугата за клиентите ова решение е унапредување и на процесите во компанијата, што подразбира крајно подобрување на услугата за клиентите во целина.
Ние и понатаму ќе се трудиме да ги унапредиме нашите услуги и да им овозможиме на сите наши клиенти брз пристап и лесно решавање на нивните потреби и барања.
Во ова време дигитизацијата е повеќе од потребна. Дел е од нашето секојдневие и секој аспект од работата и животот. Затоа нешата цел е да ги следиме трендовите и да ја олесниме функцијата на секоја наша услуга, со тоа постигнувајќ поголемо задоволство кај секој наш клиент.