Неповторливо искуство за младите ученици овозможено од осигурување македонија

admin|15/03/2018 | Вести |

Завчера на 13.03.2018, во просторот на „Кино култура“ учениците од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“, и од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ имаа неповторливо искуство, со директен пренос од Државната Виенската Опера, да ја следат балетската претстава „Рајмонда“.

Ова доживување им го овозможивме со поддршка од нашата групација „Виена Иншуренс Груп“ која се потруди виенската култура да ја приближи поблиску до нашата млада публика. Исто така немаше да биде возможно без соработката на наставниот кадар од двете училишта.

Средношколците беа доста возбудени дека се дел од еден ваков настан специјално подготвен за нив, а учениците од Музичко-балетското училиште беа воодушевени и почестени да присуствуваат на одигрување на претстава изведена од врвни професионалци во нивното поле на интерес.

Претставата траеше од 19:30 до 22:15 часот, со две паузи од по 25 минути, но поголем дел од учениците останаа сконцентрирани и целосно уживаа до самиот крај. Некои од нашите мали балерини дури и пробуваа некои делови од претставата за време на паузите.

Ова е прв ваков настан организиран од Осигурување Македонија, кој вклучува пренос во живо, и потполно сме задоволни како се одигра. Наша цел е во иднина да го зголемиме бројот на вакви содржини, кои се интересни и корисни за најмладите, а воедно им нудат доживување кое не е скојдневно.