Македонија осигурување повторно во акција

Biljana|09/08/2021 | Вести |

Покрај сите други застои пандемијата не принуди да одложиме дел од нашите општествено одговорни активности кои вклучуваат присуство на нашите вработени во општествено одговорната активност на VIG Social Active day.

Со олабавување на мерките добивме шанса да оствариме еден нов проект кој ни е многу драг. Се работи за пддржување на хуманиот ТВ проект „Проект куќа со Кристина“ во кој се вклучивме на почетокот на месец јули, што како серија ќе почне да се прикажува во септември на Телма телевизија.

Започнавме со финансиска поддршка, која ја надополнивме со годишни полиси за осигурување за домовите кои се дел од проектот, а најважно е што и дел од нашите вработени учествуваа во уредувањето на еден дом во населба Усје кој е дел од проектот. Тие се посветија на уредување на дворот на куќата на еден самохран татко кој живее со својот син тинејџер и го претворија во удобна градина во која тие може да уживаат.

Во акцијата беа вклучени 8 вработени од Македонија осигурување заедно со тимот на невладината Проект среќа и беа среќни да помогнат дури и на најголемите жештини.

Резултатот може да го видите на сликите и се надеваме дека семејството ќе ужива исто толку поминувајќи го слободното време тука, како што и нашите вработени уживаа во неговата припрема.

Ние ќе зачестиме со овие активности во иднина и целосно го поддржуваме истото кај останатите. И се надеваме дека и други компании ќе го следат нашиот пример.