Како да си го хакнеш умот за да си попродуктивен

admin|12/04/2018 | Вести | Совети |

Потребен ти е буст на продуктивноста? Кафето не е она што ќе ти помогне. Она што навистина ти треба е нова рамка на мислите. Ако го истренираш мозокот да ти работи повеќе, ќе бидеш поажурен и ќе сработиш повеќе. Без разлика дали твоите мрзливи моменти се на работа или дома, ова се пет стратегии кои ја победуваат непродуктивноста.

Раскажувај си го животот

Ако најголем проблем ти е да останеш фокусиран, пробај ментално моделирање. Тоа е технички термин за многу едноставен концепт: претвори си го денот во приказна. Луѓето кои си го раскажуваат својот ден на себеси се поспособни да останат фокусирани. Чарлс Дахиг, авторот на книгата “Попаметно Побрзо Подобро: Тајната да се биде продуктивен во животот и работата“ вели: „Оние кои успеваат да се одржат под притисок се раскажувачи. Тие си го раскажуваат сопствениот живот на себеси – работи кои се случиле и оние кои треба да се случат. Тие мечтаат за денот кој е пред нив и ги прегледуваат саатите кои веќе поминале. Правејќи го ова, научниците сметаат дека тие учат како најдобро да си го насочат вниманието и се подобри во бирањето каде да се фокусираат и што да игнорираат.“

Авионски денови

Знаеш како кога си на авион си принуден да останеш надвор од мражата некое време? И како, доколку патуваш сам/а, си „недостапен/на“ за фамилијата или колегите? Од време на време, или во случаи кога касниш со обврските, направи си „авионски ден“. Исклучи го мобилниот, не проверувај електронска пошта, исклучи ги нотификациите и заврши си ја работата.

Испразни го умот

Ако ти треба да си го испразниш умот, пробај го ова: скини лист хартија од нотесот и запиши си сè што ти е на памет во моментот. Секоја идеја што ја имаш или обврски кои те притискаат во твојата ментална листа на работи кои треба да се направат, запиши сè на листот. Не мора да е организирано, само треба да е забележано. Кога не мораш да ги окупираш мислите со секоја мала ситница што треба да се заврши – како на пример да се купи млеко – стануваш помалку напнат и полесно и почисто можеш да размислуваш.

Тивки часови

Авторката на книгата „Проектот среќа“ Гречен Рубин, на својот блог препорачува серија ментални вежби преземени од книгата „Разбуди се и живеј“ на авторката Доротеа Бранде. Тие се дизајнирани да ја предизвикаат твојата креативност и ментална флексибилност. Првата вежба е исто така прекрасен начин да се остане фокусиран рано наутро или на почетокот на неделата.
„Потроши по еден саат секој ден без да кажеш ништо освен кога одговараш на директни прашања, во средината на твојата група, без да оставиш впечаток дека си незаинтересиран/а или дека не си добар/ра. Однесувај се колку што е можно повообичаено. Но избегнувај да даваш сугестии или да се обидуваш да извлечеш информации.

Допри еднаш

Една интересна стратегија за продуктивност е: Кога ќе отвориш мејл, или ако добиеш порака, или пак покана за некој настан, „допри еднаш“, што значи справи се со тоа веднаш тогаш и таму. Одговори и тргни ја од мислите еднаш засекогаш. Така што тогаш може да се насочиш на поприоритетни работи.