Елизабет Штадлер добива Голем медал на чест (Grand Decoration of Honour ) во сребрo, за услуги во Република Австрија

admin|16/07/2019 | Вести |

На Елизабет Штадлер, Извршен директор и претседател (CEO) на Виена Иншуренс Груп (VIG) ѝ беше доделен Голем медал на чест во сребро, за услуги во Република Австрија, со резолуција усвоена од страна на Претседателот на државата на 23 април 2019 година. Наградата беше презентирана на 9 јули 2019 година од страна на Сојузниот министер за дигитални и економски прашања, Елизабет Удолф-Стробл.

Наградата на високо ниво доаѓа како признавање на заслугите на осигурителниот експерт за секторот и нејзините академски придонеси во индустријата, како и нејзиниот одличен менаџерски учинок кој го подигна профилот на Австрија како бизнис локација. Наградата, исто така, ја рефлектира позицијата на Штадлер како пример за амбициозни млади жени – таа е една од само неколкуте жени кои имаат повисока раководна функција во австриска компанија.

Воодушевен сум од оваа исклучителна почит на децениската посветеност на Елизабет Штадлер кон осигурителната индустрија и позитивните економски ефекти што ги создаде за нашата земја. Ние работевме заедно многу години и јас го имам највисокото мислење за нејзиниот структуриран пристап и непоколеблива посветеност на постигнувањето цели. Таа го демонстрира ова секој ден во нејзиниоотп многу успешно менаџирање со најголемата осигурителна група во Австрија, Централна и Источна Европа “, објаснува Гинтер Гејер, Претседател на Надзорниот одбор на ВИГ.

Родена во 1961 година, Елизабет Штадлер ја започна својата кариера во осигурување веднаш по стекнувањето на нејзината диплома по актуарска наука. Таа работи во индустријата во изминатите 35 години и е на чело на ВИГ од јануари 2016 година. Освен нејзините деловни и академски позиции, Елизабет Штадлер е член на надзорните одбори на разни VIG компании, а исто така и на надзорните одбори на ОМВ и др.

Vienna Insurance Group (VIG) е водечки специјалист за осигурување во Австрија, како и во Централна и Источна Европа. Околу 50 компании во 25 земји формираат група со долгогодишна традиција, силни брендови и блиски односи со клиентите. VIG има близу 200 години искуство во осигурувањето. Со повеќе од 25.000 вработени, Vienna Insurance Group е јасен лидер на пазарите во Австрија и Централна и Источна Европа. Затоа е одлично позиционирано да ги искористи долгорочните можности за раст во регионот со 180 милиони луѓе. Наведената Виенска осигурителна група е најдобрата компанија од ATX, водечки индекс на берзата во Виена; нејзиниот удел е исто така котиран на Прага берза.