Еко совети за возила

Biljana|18/11/2022 | Совети | Финансиска писменост |

Со актуелната енергетска криза во светот сите се трудиме да научиме повеќе да штедиме. Но и без тоа да се научи да се живее поодржливо е нешто кон што сите треба да се стремиме зашто глобалното затоплување и климатските промени се реалност со која сите треба да се соочиме.

Пoради оваа причина се одлучивме да ви споделиме некои совети за тоа како може да придонесете за подобрување на аколошката состојба на нашата околина и воедно да заштедите.

Еколошко возење

Возилата се едни од најголемите предизвикувачи на штетни ефекти на околината, со горењето на фосилни горива како бензин и дизел кои ослободуваат гасови кои ја загреваат атмосферата, а со тоа влијаат врз климетските промени. Пресметано е дека 25% од вкупната количина емисии на стакленички гасови се должат на емисиите од транспортот, што е повеќе од кој и да е друг сектор.

Ова се некои совети кои вие може да ги направите за да ги намалите емисиите на стакленички гасови во амосферата:

Возете автомобил со еко перформанси
Во денешно време е лесно да истражите колку е економичен автомобилот кој го восите или сакате да го купите. Постојат рејтинзи кои покажуваат колку гориво троши и колку емитува загадувачи и стакленички гасови. Со бирање на поекономични автомобили и такви кои помалку загадуваат веќе сте направиле еден чекот кон подобрување на средината.

Внимавајте на гумите
Секогаш возете со точен притисок на гумите бидејќи тоа влијае врз потрошувачката на гориво. Секој автомобил има одредено притисок кој е најсоодветен за тежината на автомобилот и најчесто овие бројки може да ги најдете запишани во смиот автомобил. Кога гумите не се соодветно напумпани трошите повеќе гориво од што е потребно.

Менувајте го маслото редовно
Редовно одржување на автомобилот ја подобрува ефикасноста на согорувањето на возилото за цели 40%. Исто така менување на филтрите е значајно за зголемување на ефикасноста на возилото, а за да заштедите на гориво и намалите со штетните емисии намалете го користењето на клима уредите во автомобилите.

Користете го најкраткиот пат
Понекогаш може да ни изгледа дека подолгиот пат повеќе ни се исплаќа зашто ќе избегнеме застој во сообраќајот, но ваквата одлука има полош импакт на средината во подолг временски период. Така што пробувајте да ги комбинирате обврските во едно излегување и наоѓајте го најкраткиот и најефикасниот пат за да стигнете до вашата дестинација.

Не забрзувајте
Забрзувањето и агресивното возење може да ве коштаат за 30% повеќе гориво кога возите на автопат. Затоа намалете на брзина и избегнувајте ги кочниците. Доколку вашиот автомобил има темпомат користете го. Колку повеќе ја зголемувате брзината секој додатен километар прогресивно се зголемува цената на горивото, темпоматот може да ви помогне во одржување на соодветната брзина.