Без најава, внесете го бројот на Вашата полиса и одберете ги фактурите што сакате да ги платите.
Патничко осигурување на клик
Пријави штета онлајн и следи до исплата.
За пополнување онлајн обезбедете го бројот на полиса и деталите за настанот
Законски задолжително осигурување при регистрацијата на сите патнички возила, товарни возила, автобуси, влечни возила, специјални возила, мотоцикли, приклучни возила, работни возила и возила со странска регистрација.
Со оваа полиса е осигурена вашата одговорност за штетите што со своето возило може да ги направите на „трети лица“, односно на други учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи, МАКЕДОНИЈА осигурување ја презема одговорноста за надомест на штетата кон „трети лица“.
Како клиент со полиса за АО (автоодговорност) од Осигурување Македонија, ако патувате со Вашето возило во странство треба да имате ЗЕЛЕНА КАРТА од Осигурување Македонија, која е достапна на сите наши продажни места; Зелената карта е полиса која ја осигурува вашата одговорност како возач на Вашето возило во странски земји.