Осигурување Македонија а.д. Скопје, Виена Иншуренс Груп, ја лансираше својата нова услуга „Oтштета онлајн“, достапна на линкот http://otsteta-online.insumak.mk
Онлајн барање на отштета преку веб страницата на компанијата
Покрај досегашниот детален водач за прибирање документи и пријавување штета на нашата веб страна, одлучивме уште повеќе да излеземе во пресрет на потребите со креирање на веб апликација за решавање на штетите.

Нашата стратешка цел е да се приближиме и отвориме кон нашите клиенти, а најдобар начин да го покажеме тоа е во процесот на добивање отштета. Оваа апликацијата ги ослободува осигурениците од непотребни телефонски јавувања, посетување на канцелариите, печатење формулари и пополнувања на шалтерите.
Сè што е потребно е осигуреникот да го знае бројот на полисата за да ја започне регистрацијата во системот. Голем дел од информациите за предметот се веќе во базата и се вчитуваат со самото

внесување на бројот на полисата. Понатаму чекорите се многу едноставни и постапно објаснети. Кои документи треба да се прикачат, кои податоци треба да се внесат и кои изјави да се напишат.
Во случајов не се работи само за онлајн пријавата на штета, но за целосно учество и следење на обработка на предметот. Апликацијата е едноставна алатка што ќе му помогне на секој осигуреник кој има претрпено штета, брзо и лесно да ја пријави, а потоа да ја следи и соработува се до исплатата на отштетата.
Регистрацијата на сервисот овозможува трајно зачувување на документите и повторно дополнување штом се набават сите документи. Клиентот може да комуницира директно со референтот, а системот нуди транспарентност на процесот, така што осигуреникот има увид до каде е решавањето на неговиот предмет.

Ова е прв чекор од поширокиот проект за дигитализација на нашите услуги. Земајќи го во предвид фактот дека во осигурителниот бизнис сè е детално и јасно пропишано, но често е предолго и не секогаш јасно разбрано од страна на купувачите, продажбата сè уште ја оставаме во рацете на нашите ценети агенти. Ова не значи дека нема да понудиме и онлајн продажба, но се фокусираме на она што сметаме дека им е важно на клиентите.
„Осигурување Македонија“ постои веќе 75 години на пазарот и може да кажеме дека довербата е нашата највисока цел. Сакаме нашите сегашни и потенцијални клиенти да разберат дека ние постоиме за нивната сигурност и поради нивната доверба.“ – го објаснува овој стратегиски чекор господинот Бошко Андов генерален директор на компанијата.
Осигурување Македонија има намера и понатаму да се отвора кон своите клиенти и да покаже дека повеќе-децениското искуство носи со себе мудрост и професионализам, а со тоа и внимателно пристапување кон новите трендови, без заборавање на старите
вредности.