Да се ослободиш од вишокот работи во домот е прекрасно чувство. И не е случајно што светот е опседнат со тоа. Чување на непотребни предмети, кои „можеби некогаш ќе ти се најдат“, прават домот да ни е претрупан и неудобен. А ослободувањето од непотребното има повеќе бенефити.
Затоа ви споделуваме листа со совети со помош на кои ќе внесете нов живот во домот, а во исто време ќе се доближите до покорисен начин на живеење, кој ја вклучува средината и другите луѓе. Сè што треба да направите е оние работи од кои ќе се одлободите да завршат во рацате на луѓе на кои им се навистина потребни.
Донирањето на организации, кои се грижат за загрозена група граѓани или за бездомни животни е од голема помош, а на тој начин ќе го намалите количеството на ѓубре кое може да го направите доколку истите само ги исфрлите.
1. Некористени садови
Сите имаме навика да акумулираме повеќе од што е потребно, особено кога се работи за шолји за чај или кафе. Проверете ги кујнските елементи и донирајте сè што ви е дупло или не го користите редовно.
2. Додатни пешкири
Најчесто пешкирите што не се доволно добри за гости, ги реискористуваме како крпи за чистење, но колку крпи ни се потребни? Пребарајте ги плакарите и извадете сè без што можете, а потоа донирајте гина организација за згрижување на животни.
3. Премногу материјали за изработки
Од овие е прилично тешко да се ослободиме, зашто секогаш мислиме дека ќе ни притребаат. Од друга страна тешко е да фрлиш дузина тутурутки од тоалетна хартија на кои си потрошил недели во собирање и месеци ти фаќале простор за чување. За да си ја намалите грижата на совест не ги фрлајте, но донирајте ги на градинка или школо за уметност.
4. Конзервирана храна
Проверете ја вашата конзервирана храна. Дали имате од нешто премногу, или на некоја конзерва рокот и е пред истекување. Можеби сте направиле премногу тегли мармелад или имате сеуште од ланскиот ајвар. Во секој случај доколку имате повеќе од што има смисла, секогаш има некој на кој навистина му требаат. Соберете го вишокот, ставете го во кутија и донирајте го на локална кујна, црква или хуманитарна организација.
5. Облека
Секогаш постои облека со која може да се збогуваме. Дали се работи за нешто што сеуште не сме го облекле од последното сезонско чистење на ормарите или надраснати детски алишта извадете ги и распоредете ги по возраст и пол, убаво здиплете ги, спакувајте ги и однесете ги до најблискиот контејнер за стари алишта на „Црвен крст“. Исто може и да ги донирате на друга добротворна организација. Не ги заборавајте и чевлите.
6. Електроникa
Користењето на електронски уреди е најдобро за околината кога ги користиме најдолго што може, но и нив евентуално мора да ги смениме. Прашањето е што да правиме со старите? Во Македонија има неколку компании што се занимаваат со откуп на електронски отпад и кои ќе ве ослободат од вишокот што ви се натрупал. Доколку пак имате функционален лаптоп или телефон, што веќе не ви треба, може и да го донирате на некоја локална хуманитарна организација.
7. Книги
Обично многу чувства нè врзуваат за нашите книги и навистина е многу тешко да се одлучиме да се ослободиме од нив, но ако веќе сте ја донеле одлуката, можеби најдобро ќе се чувствувате да ги донирате на локалната библиотека. И не заборавајте на детските книги. Нив ќе ги прифатат и во училишта и градинките и верувајте дека во приказните во кои уживало вашето семејство сега ќе можат да уживаат уште стотици други деца.