EN MK

5 НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Сите правиме грешки при возењето, некогаш се без последици, некогаш за влакно избегнуваме незгода, но некои од нив се и најчестите причнинители за сообраќајни несреќи.
Овде ќе ви ги наброиме најчестите грешки, што доведуваат до сообраќајни несреќи и како може да ги избегнеме.

Според статистиките во голем број земји, најчести причинители за сообраќајни незгоди се следните:

  1. Неуспешно погледнување
  2. Неуспешна проценка на брзината или насоката на друг учесник во сообраќајот
  3. Невнимание или брзање
  4. Лошо свртување или маневрирање
  5. Губење контрола

 

Магијата на ретровизорите

Најголемиот број на сообраќајни несреќи се должат на грешки поврзани со погледнување. Па затоа подготвивме неколку совети што ќе ви помогнат да ја развиете вашата способност за целосен увид во сообраќајот кој се одвива околу вас додека возите.

Подесување на ретровизорите:
ЦЕНТРАЛНИОТ РЕТРОВИЗОР наместете го така што задниот прозор ќе биде целосно врамен во огледалото.
РЕТРОВИЗОРОТ ОД ВОЗАЧКАТА СТРАНА се мести на овој начин: навалете се на лево, така што главата скоро да ви се допира до прозорот. Од таму наместете го ретровизорот на тој начин што во огледалото ќе го гледате задното лево крило од возилото, ставајќи го хоризонтот на средината од огледалото.
РЕТРОВИЗОРОТ ОД СОВОЗАЧКАТА страна наместете го така што ќе се поместите на десно, додека главата не ви е во центарот на возилото. Од тука наместете го ретровизорот за хоризонт да ви се наоѓа на средината на огледалото, а десното задно крило едвај да е видливо.

Екстра совет
Доколку малку го навалите ретровизорот ќе може да го гледате и работ на тротоарот кога се паркирате.

Кога треба да ги проверувате ретровизорите?

  • Пред сигнализирање со трепкачи
  • Пред вртење
  • При менување на брзина
  • При тргнување

Екстра важен совет
Никогаш не заборавајте да ги проверите слепите точки и агли. Откако ќе ги проверите ретровизорите, направете уште една проверка лево или десно, покрај вашето возило, во зависност во кој правец планирате да одите

Бидете секогаш подготвени за изненадувања

Многу голем број од сообраќајните незгоди се случуваат поради промашена претпоставка во кој правец или со која брзина се движат останатите возачи.
Ние може секогаш да користиме трепкачи, да си ги проверуваме ретровизорите и слепите точки и да возиме според пропишаната брзина, но останатите возачи може да не се толку ажурни.
Затоа, секогаш тргнувајте со резерва при претпоставката за тоа на каде и колку брзо се движaт другите учесници во сообраќајот. Може да се случат грешки кои не се ваши.

Држење растојание во различни временски прилики

Една од најголемите грешки во сообраќајот се невниманието и брзањето и колку да се знае за нив и да се повторуваат предупредувањата, луѓето од навика продолжуваат да ги прават. Најдобар начин да се превенираат овие грешки е со соодветна едукација и разбирање. Најчесто за тоа се користи должината на кочење при различни брзини, која ретко кој навистина ја разбира.
Погледнете ја сликата подолу и пробајте да го запаметите растојанието кое ќе го поминете откако ќе помислите да закочите и откако ќе закочите, возејќи со различна брзина.

Ексра важен совет: Не заборавајте дека на дожд растојанието на кочење е дупло подолго, а на снежно време десет пати подолго.

Запомнете ги правилата

Грешките при маневририње се исто така честа појава при сообраќајни несреќи.
Кога влегувате во кружен тек, внимавајте секогаш да ги пропуштите тие кои се во негок. Кога вртите десно, држете се до надворешниот круг, кога продолжувате право може да ги користите и надворешниот и внатрешниот круг, а кога вртите лево секогаш користете го внатрешниот ккруг. Никогаш не заборавајте да ги употребувате ретровизорите и трепкачите кога го напуштате.

Исто така, секогаш внимавајте на знаците за првенство на минување, a на не регулирани крстосници сетете се на правилото на десна рака.

Вршете редовни проверки и сервиси

Една третина од сите сообраќајни незгоди се предизвикани поради губење на контрола. За да не станете дел од оваа статистика редовно правете ги следниве проверки:
Притисок на гумите – соодветниот притисок на вашиот автомобил е напишан на внатрешниот дел од возачката врата.
Шарките на гумите – внимавајте на длабочината на шарките, зашто во голема мера од нив зависи вашата безедност особено во зима. Во поладните месеци обавезно носете зимска опрема и користете зимски гуми.
Масло – редовно проверувајте го нивото на маслото. Ова може да го правите и сами.

Се надеваме овие совети ви беа корисни и ќе ви бидат поочигледно во иднина.

Ве повикуваме да споделите со нас ваши искуства и грешки во возењето, и совети кои вие ги практикувате за посигурно возење.