Растеме заедно, посади радост

Biljana|13/04/2022 | Вести |

Општествената одговорност е една од столбовите на кои ја градиме довербата со нашите сегашни и потецијални клиенти. Токму поради тоа сакаме нашите вработени секогаш да бидат свесни за нејзината важност. Затоа нашата групација VIG дава можност на секој вработен да може да се вклучи волонтерски во општествено корисни и социјални акции како дел од иницијативата Social Active Day.

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп, постојано организира вакви денови, а оваа година започнуваме со младите. Во проектот „Ботаничка градина“ заедно со ООУ „11 Октомври“ се вклучија околу 10-тина наши вработени, кои што учествуваа во
целиот процес на создавањето на ботаничката градина.

Градината која вработените ја оформија се состои од 5 дрвени леи, од кои што 4 ги засадија и посеаа, а поради интересот на децата да стекнат нови вештини надвор од училишните клупи една од леите ја оставија за нивна самостојна работа. Притоа, им подарија семиња за сеење на истата и кофички за полевање, за да можат да се грижат за градината и да ја одржуваат.

Во текот на целата акција на овој Social Active Day вработените беа посетувани од повеќе одделенија од училиштето. Што овој настан го направи посебен и вработените имаа посебно задоволство да го видат резултатот на сопствената волонтерска работа на лицата на малечките.

Под слоганот „Растеме заедно. Посади радост“, се засадија повеќе видови на растенија како рузмарин, лаванда, мајчина душичка, жалфија и посеаа семиња од невен, камилица, рукола, босилек, оригано, блитва и копар.

Грижејќи се за природата и опстанокот на пчелите, важно е да се нагласи дека засадените растенија се привлечни за нив и со мал придонес, ова е еден чекор кон зачувување на природата како целина.

Градинарството е здрава, забавна и образовна активност и развива нови вештини како одговорност, разбирање на процесот од раскопување до садење и сеење, самодоверба, љубов кон природата, креативност, соработка и тимска работа. Гледање на тоа како се одржува нешто во живот, како трудот влодува со плод и како за одржување на нештата е потребно внимание и постојано вложување. Ова е еден едноставен начин да се развие одговорност, внимание и посветеност.

Децата се одлични имитатори, затоа да им дадеме нешто корисно за имитирање.

Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп продолжува со своите општествено одговорни активности, зашто довербата, заедништвото и одговорноста постојано треба да се негуваат.