МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Пакет полиса за продавници и услужни дејности

Бизнис е бизнис, осигурајте го со пакет покритија преку секции ризици за продавници, услужни дејности

Пакет полиса за осигурување фирми

Вашиот успешен бизнис е успешен само затоа што во него е вложен дел од вас, вашата енергија, време, пари, можеби сте го посветиле целиот свој живот во него. Дозволете му непречено да расте со тоа што ќе му обезбедите сигурна иднина. Ние работиме се ризиците фокусирано и со разбирање. Оттаму, ја разбираме и вашата потреба за сигурност. Затоа ја создадовме понудата со осигурени ризици и покритија, а пакет полисата одберете ја вие.

Што содржи пакетот за продавници и услужни дејности?  

Наменет е за продавници, угостители, канцеларии, мали работилници, услужни дејности.

Пакетот предвидува клиентот да одбере секции со покритија за осигурување, комплет или поединечно во согласност со неговата пореба од дејноста. Секцијата имот е задолжителна.  Во полисата што ја добивате ќе бидат наведени сите секции за кои е склучено осигурување, заедно со условите за осигурување. 

Секција имот – покритие за ризици

  • Пожар
  • Удар на гром
  • Ветер и вода
  • Експлозија
  • Буна и штрајкови
  • Вандализам, злонамерна штета
  • Штета од несреќен случај (за објекти и резерви)

Секција кражба

Секција пари

Секција за кршење на уреди (машини од кршење)

Секција за електронска опрема

Секција за стакло

Секција за проширена одговорност

Секција за транспорт

Кои се предностите на осигурување на вашиот бизнис во пакет?

  • Комбинирате ризици и покритија содветно на својата дејност.
  • Поедноставна административна процедура.
  • Една полиса – повеќе осигурувања.
  • Големи попусти за купување во пакет или најмалку 3 секции од него.
  • Големи попусти за франшизи, поповолни од стандардните полиси.
  • Вклучени се ризици како случајна незгода, вандализам и цела секција транспорт.
  • Можност за враќање на парите во рок од 14 дена.
  • Можност за откуп на амортизација.

Повикајте ги нашите претставници од продажбата. Тие ќе ви помогнат да ги разгледате потребите за осигурување во вашата фирма. Јавете се на телефон 02 3115-188. Испратете мејл на info@isumak.mk.

Сите консултации и пресметки се бесплатни и без обврска за осигурување.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188