МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Општествено одговорни активности на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп од трите квартали на 2025

Во нашата јубилејна година исполнета со прослави и активности нашите вработени најдоа и време за општествено одговорни акции. Не заборавајќи на нашата 80 годишна традиција на грижа и посветеност за сигурност на луѓето и природата нашите вработени заменуваат еден работен ден со ден посветен на акција за подигнување на свеста за општествена одговорност.

Започнавме на 15 мај на охридското кале во соработка со општина Охрид. Нашите вработени поставија триесет дрвени куќарки за птици покрај пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео. Овие куќарки, направени од природен и траен материјал, ќе им служат како засолниште на птиците во Охридскиот регион, помагајќи им да се справат со климатските промени и да ја зголемат популацијата во наредните сезони.

 

На 25 јули, петок, десеттина вработени од Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп се приклучија во традиционалната акцијата за дарување крв, во спомен на настраданите од земјотресот. Дарувањето крв спасува животи и овој акт на посветеност кон заедницата е еден од најблагородните дела што еден човек може да ги направи.

Соочени со неодговорноста на некои граѓани кои не внимаваат на заедничката околина на штета на остатокот, нашите вработени се инспирираа да го исчистат отпадот што ги грди падините на водно како и на одредени туристички места во Охрид и во Струга. Така што на 19 септември тие го чистеа отпадот расфрлан низ природата на овие локации и завршија уште еден успешен Social active day

При крајот на септември имавме уште една акција и уште еден заменет работен ден за општествено одговорна работа. Во Ресурсниот центар на СОС Детско село направивме освежување на бојата каде беше потребно. Како добро координиран тим со големо срце секогаш наоѓаме задоволство во ваквите акции свесни дека кога помагаме на заедницата си помагаме и себеси.

До крајот на годината планираме уште многу општествено одговорни акции  и оваа јубилејна година да остане запаметена по нашиот придонес и надвор од секојдневните работни задачи.