МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Македонија осигурување поддржува зелена едукација на младите

Како компанија што повеќе од осум децении ја гради својата мисија врз сигурност, грижа и одговорност кон заедницата, Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со гордост го поддржа проектот EU Youth Cinema: Green Deal (ЕУ Младинско кино: Зелен договор) – европска едукативна програма која преку филм ги ангажира младите во теми поврзани со заштита на животната средина, одржлив развој и одговорно однесување.

Проектот се реализираше во рамки на Европската недела за намалување на отпадот (EWWR), која траеше до 30 ноември 2025 година, и ги поттикнува младите во Северна Македонија активно да размислуваат за својот еколошки отпечаток.

Фокус на актуелен еколошки предизвик

Годинешната тема на EWWR е отпадот од електрична и електронска опрема (WEEE) – сериозен предизвик и за нашата земја. Недостатокот на системи за собирање, ограничената инфраструктура и ниската информираност често доведуваат до неправилно складирање и отстранување на електронски отпад.

Преку интегрирање на оваа тема во програмата, младите се охрабруваат да разберат дека и малите промени во секојдневното однесување можат да имаат значително позитивно влијание врз животната средина.

Филмско искуство со силна едукативна порака

Во соработка со BRIGHT и UNDP Македонија, во Cineplexx Скопје беше прикажан документарниот филм „Езеро од јаболка“ од Тамара Котевска и Љубо Стефанов. Настанот обедини речиси 250 ученици и наставници, кои учествуваа и во едукативна дискусија со експерти.

Филмот ја раскажува приказната за Преспанското Езеро, еден од највредните и најранливи екосистеми во регионот, и на автентичен начин ги отвора прашањата за загадувањето, климатските промени и одговорното управување со природните ресурси.

Вложување во млади е вложување во иднината

Како дел од Vienna Insurance Group, Македонија осигурување континуирано поддржува иницијативи што создаваат долгорочна вредност за заедницата. Присуството на EU Youth Cinema Green Deal активностите е дел од пошироката заложба на компанијата за:

  • едукација на младите,
  • развој на еколошка свест,
  • јакнење на одговорно и одржливо општество.

Веруваме дека знаењето и превенцијата се клучни за сигурна и стабилна иднина, како за поединците, така и за целата заедница.

Одржливоста е заедничка одговорност

EU Youth Cinema: Green Deal е финансиран од Creative Europe и Vienna Insurance Group, заедно со своите локални брендови, вклучувајќи ја и Македонија осигурување, со поддршка од бројни европски и национални партнери.

Со вакви проекти, Македонија осигурување Виана Иншуренс Груп уште еднаш ја потврдува својата улога како одговорен корпоративен граѓанин, кој активно придонесува кон едукација, одржливост и позитивни општествени промени.