Несигурноста е главен причинител на стрес и ни ја пореметува способноста да ја планираме иднината.
Нормално нашите мозоци прават одлуки за иднината основани на нашето минато искуство. Кога иднината е несигурна или искусуваме нешто ново, ние не можеме да се потпираме на нашите минати искуства за да донесеме информирана одлука.

Без таа алатка ние може да станеме анксиозни во врска со што иднината може да донесе, замислувајќи си различни сценарија и грижеји се за нив.
Нашиот ум сака да планира за иднината користејќи го нашето знаење од минатите искуства и да знае што да очекува од иднината, зашто стравот од непознатото предизвикува нашиот ум да се грижи и да е во очекување на некаква идна закана.
Стравот од непознатото може да предизвика психолошка состојба на стрес. Тој стрес го активира одговорот на „борба или бегство“ и резултира со физички промени како преплавување со хормони или забрзување на срцевата работа. Со тек на време, хроничниот стрес може да има негативно влијние на здравјето, зголемувајќи го ризикот за кардиоваскуларни заболувања и губење на сеќавањето.
Доколку постојано сте свесни и се подготвувате за несигурност и потенцијални лоши настани, така што константно сте во состојба на „борба или бегство“ градите шаблон на хроничен стрес и на тој начин станувате по подложни на страв и анксиозност.
Научниците ја истражуваат „нетолеранцијата на несигурноста“ – односно негативните верувања кои луѓето ги имаат за несигурноста, што
може да доведе до нездрави емоционални или реакции во однесувањето кога несигурноста неизбежно ќе се случи.
Ниска толеранција на несигурност е асоцирана со ментални состојби како депресија, општа анксиозност и опсесивно компулсивно пореметување. Повисока толеранција на несигурност, од друга страна, може да ги намали нивоата на стрес, бидејќи луѓето не се фиксираат на несигурности надвор од нивна контрола.
Има само одреден број нешта кои може да ги контролираме во животот. Неочекувани настани ќе се случуваат и кога ќе се случат постојат одредени начини како да се подготвиме за нив.