МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Незгода

Незгоди се случуваат, осигурувањето помага во намалување на последиците преку финансиски надомест

Секојдневно се соочуваме со луѓе што бараат финансиска помош или поддршка за ненадејна  повреда, кои не потсеќаат дека секому може тоа да му се случи.

Знаеме дека не можеме да предвидиме или избегнеме нешто слично, но можеме да се заштитиме со осигурување кое ќе ни обезбеди финансиски надомест за ублажување на последиците.

Што е осигурување од несреќен случај (незгода)?

Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците за здравјето и за животот на човекот.

Тоа е израз на грижа за своето здравје

Незгодата со себе носи и намалени придонеси, дополнителни трошоци и материјални проблеми, затоа осигурувањето од незгода обезбедува финансиски надомест што ќе ви помогне да закрепнете.

Ние ви нудиме начин да ја избегнете несреќата што следува по несреќата.

Попусти на премијата за осигурување

Кога се осигуруваат лица со полиса на индивидуална основа, доколку нема штетен настан остваруваат попусти:

  • 5% за една измината година
  • 10% за две изминати последователни години
  • 15% за 3 последователни години

НЕСРЕЌНИ СЛУЧАИ

(подолу се некои од ризиците осигурени со нашите полиси):

  • газење
  • судрување
  • удар со некаков предмет или од некаков предмет
  • удар од струја или од гром
  • паѓање
  • лизгање
  • уривање
  • убод од некаков предмет
  • убод од инсекти
  • удар или каснување од животно
  • труење
  • изгореници
  • гушење или задушување
  • други ризици

Побарај понуда

Нашите агенти ќе ви направат оптимална понуда во согласност со вашите потреби и можности.

Што покрива полисата за осигурување од незгода (несреќен случај)?

Полисата за осигурување содржи осигурени ризици што може да предизвикаат како последица:

Основни ризици

  • траен инвалидитет и намалена работоспособност
  • смрт од несреќен случај
  • трошоци за дневен надомест
  • трошоци за лекување

Дополнителни ризици

  • трошоци за дневен надомест

Која полиса од незгода е најдобра за вас?

Осигурените суми се договараат според договораните ризици. Исто така од тие суми зависи надоместот од осигурувањето доколку ризикот се случи.

Не постои ограничување на бројот на полиси ниту на територијата каде што важи.

  • Цената на осигурувањето зависи од висината на сумите на осигураните ризици.
  • Осигурителниот ризик има различна цена кај различни занимања
  • Колективните осигурувања се со различна цена од индивидуалните осигурувања од незгода.

Пример: Спортистите и студентите имаат различни потреби за осигурување од незгода и се изложени на различни ризици што придонесува за различен тип на полиса подготвена точно за нив.

Доколку веќе знаете што ви е потребно ќе добиете понуда од неколку варијанти за да можете да одлучите за полиса за осигурување

Јави се или Побарај повик

Времетраење на осигурувањето

Полисите може да се ограничени на работно време и тогаш работниците се осигурани само за тој период, но ние нудиме и 24 часовно осигурување од повреда, што ве заштитува и после работа.

Со таквото осигурување доколку повредата се случи надвор од работно време, работникот е целосно покриен и осигуран, што е и наша препорака.

Осигурувањето се склучува годишно и трае од денот на склучување на полисата.

Осигурувањето се склучува во согласност со Условите за осигурување од незгода и посебни услови. Во нив детално се наведени  ризиците што се опфатени, но и исклучоците што не се опфатени со полисите.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188