МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

ПРОФИЛ НА ДРУШТВОТО

80

години
сигурни
заедно

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

е во самите темели на сигурноста, довербата и финансиската стабилност на дејноста осигурување во Република Северна Македонија. Првата осигурителна компанија со најголемо искуство и експертиза локално, чии почетоци се уште од 1945 година како државен завод, со преку дведецениско интернационално влијание и знаење, денес е стабилна институција во рамките на моќна австриска групација.

Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Виена Иншуренс Груп е водечко во покритија на ризици од класата на осигурување неживот за правни и физички лица. Големите и комплексни индустриски субјекти, како и средните и мали бизниси, наоѓаат одлична потпора во нашите осигурителни понуди за лица, имот, моторни возила, одговорност, транспорт и др. Во понудата за физички лица се осигурувањето на домаќинство, лица, моторни возила, како и патничко осигурување. Најново на пазарот е доброволното здравствено осигурување за болничко и вонболничко осигурување, како и варијанти на покритија за тешки болести и операции.

Понудата е достапна преку широко распространета мрежа на експозитури, брокери за осигурување, агенции за застапување во осигурување и банки.

Искусните продавачи се подготвени да ја појаснат понудата во согласност со потребите, да направат бесплатна пресметка и да обезбедат лесно полиси за осигурување во секое време онлајн и на рака. Од нашата препознатлива деловна зграда во Скопје и 14 експозитури низ државата обезбедена е лесна достапност на услугите.

Искуство

Друштвото има големо искуство со осигуреници и развиена база на податоци, а со дигитализацијата клиентите можат да одберат да ги добијат услугите плаќање премија и процесирање на штети онлајн или во директен контакт.

Експерти

Во тимот на Душтвото се искусни експерти од прием во осигурување и процена и ликвидација на штети и друг искусен кадар што го одликуваат силни корпорациски вредности како одговорност, блискост со клиентите и почитување на различностите.

Ликвидност

Друштвото особено води сметка за својата ликвидност, законски дозволеното покритие на техничките резерви и ажурно извршување на сите доспеани и идни обврски.

Политика

Политиките на следење на современите текови во дејноста и бескомпромисната финансиска стабилност, како и постојаното вложување во обуки на кадарот, обезбедуваат актуелност на изјавата од клиентите.

ДЕЛ ОД ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП

Ние се стремиме на нашите клиенти во Австрија и во ЦИЕ да им понудиме вообичаени производи и услуги по нивна мерка. Нашата стратегија е насочена кон долгорочна профитабилност и кон стабилен раст на приходите, со што ние сме партнер од доверба во ова брзо време на промени.

Во „Виена Иншуренс Груп“ (ВИГ) има преку 25 000 вработени лица, кои работат во околу 50 друштва во 25 земји. Ние создаваме решенија што се во согласност со личните и со локалните потреби за осигурување, што, пак, нѐ прави да бидеме едно од водечките друштва за осигурување во Австрија и во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Стручност и стабилност

„Виена Иншуренс Груп“ е меѓународна осигурителна групација со седиште во главниот град на Австрија. Со паѓањето на „Железната завеса“ во 1989 година, ВИГ брзо се ширеше и од чисто австриско друштво за осигурување прерасна во меѓународна групација. ВИГ е синоним за стабилност и стручност кога станува збор за финансиска заштита од ризици. Почетоците на Групацијата датираат од 1824 година. Со своето речиси двевековно постоење и со својата насоченост кон тоа да обезбедиме стручно осигурително покритие, ние создадовме една цврста и сигурна основа за 20 милионските и нешто повеќе клиенти на Групацијата.

Централна и источна европа во фокус

Покрај Австрија, ВИГ е особено заинтересирана за Централна и Источна Европа, сметајќи ја за домашен пазар. Од пазарите во ЦИЕ Групацијата остварува повеќе од половина од својот премиски приход. Целото работење на ВИГ се стреми кон овој регион. Ова, главно, се одразува во предвидувањата за економскиот раст во ЦИЕ и се предвидува овој раст да биде двапати поголем од оној во Западна Европа. Воедно, станува збор и за сегашното ниво на густина на осигурувањето, кое сѐ уште е под просекот во ЕУ.

Присуство на локалните пазари

ВИГ има одговорност финансиски да ги заштити своите клиенти од ризици. Групацијата следи една стратегија што опфаќа повеќе брендови, т.н. „мултибренд“ стратегија што се потпира на воспоставените локални пазари, како и на локалниот менаџмент. Конечно, успехот на Групацијата и блискоста со клиентите се сведуваат на силината на секој бренд посебно и на локалното знаење, односно „ноу-хау“.

Финансиска сигурност и кредитен рејтинг

Оцената на ВИГ е „A+“, што подразбира стабилна позиција, а ја дава реномирана и добропозната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Поорс“. Оваа оценка значи дека ВИГ останува на врвот од високорангирани друштва на Виенската берза и дека според АТХ-индексот, акциите на ВИГ се водечки на листата. Акциите на „Виена Иншуренс Груп“ котираат и на берзата во Виена и во Прага. „Винер Штедише осигурување“ (Wiener Städtische Versicherungsverein) е постојаниот и главен акционер што има поставено долгорочни цели и поседува околу 70% од акциите на ВИГ. Другите акции се во слободен оптек.

Медиа центар
Општествено одговорни активности на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп од трите квартали на 2025
04 November 2025

Општествено одговорни активности на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп од трите квартали на 2025

Во нашата јубилејна година исполнета со прослави и активности нашите вработени најдоа и време за општествено одговорни акции. Не заборавајќи на нашата 80 годишна традиција

прочитај повеќе