Без најава, внесете го бројот на Вашата полиса и одберете ги фактурите што сакате да ги платите.
Патничко осигурување на клик
Пријави штета онлајн и следи до исплата.
За пополнување онлајн обезбедете го бројот на полиса и деталите за настанот
Нашите каско-полиси преку каско-производите што ги имаме се приспособливи на вашите потреби и навики како возач или сопственик на возило
Разгледајте ги предностите и можностите. Тука сме да ви направиме понуда според вашите потреби или барања за да можете полесно да одлучите.
Каско-полисите се договараат на годишна основа и важат од денот на склучувањето. Може да се договори полиса и на покус рок во зависност од потребата или наша препорака во зависност од околностите.
ШТО Е ВАЖНО ЗА ДА НАПРАВИМЕ КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ?
За да направиме полиса, важни се неколку елементи врз основа на кои ќе ја договориме премијата::
НУДИМЕ НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ КАСКО ПОЛИСИ
За полесно да се определите каква полиса ви е потребна, изработивме четири квалитетни каско-полиси:
|
Што осигуруваме |
ПОТПОЛНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ НА НОВОНАБАВНА ВРЕДНОСТ | ПОТПОЛНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ
НА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ |
ДЕЛУМНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ (СИТЕ КОМБИНАЦИИ) |
| Патнички моторни возила заедно со
опремата стандардно или дополнително испорачана од производителот |
√ |
√ |
√ |
| Мотоцикли, мопеди и слични возила | √ | X | √ |
| Приклучни возила | √ | X | √ |
| Сите други категории возила | √ | X | √ |
| Моторни возила со странска регистрација | √ | X | X |
| Багаж, дополнителна опрема и сл. | √ | X | X |
| Pадио-ЦД, навигација, ДВД, ТВ, радиостаница, натпис, реклами и друг алат или опрема што се дополнително вградени на или во возилото и личен багаж |
√ |
X |
X |
| Стаклата на патнички, товарни возила и автобуси, освен покривни стакла, стакла на светлата и на огледалата |
√*
* во случај на франшиза |
√*
* во случај на франшиза |
√ |
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНОТО ВОЗИЛО
Важно: Сумата на осигурувањето зависи од вредноста/цената на возилото. Во нашата понуда има две можности, одлуката е по ваш избoр:
Пазарна вредност – Каско-осигурување само на патнички возила
За нови патнички возила, вредност според фактура загарантирана за целата година на осигурување, без амортизација, или за користени возила, вредност според каталог и намалена поради вклучена амортизација, исто така загарантирана за целата година на осигурување.
Вредноста на возилата се менува со староста, односно годината на производство, а со тоа се намалува и премијата.
Новонабавна вредност
Каско-осигурување на моторни и шински возила наменето за патнички и сите други категории моторни и приклучни возила
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ
Можност за дополнување на осигурувањето со истата полиса за каско- осигурување и да се осигурите вие и вашите сопатници од последици на несреќен случај (незгода) со покритие по ваш избор.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа. Дополнителна можност за проширување на важноста и надвор од географското подрачје на Европа.