МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Специјалната полиса

Секогаш имаме потреба од повеќе. Полиса со полуксузни опции и нестандардни покритија

СПЕЦИЈАЛНА ПОЛИСА

Некогаш имаме потреба од посебни полуксузни опции и нестандардни покритија. Едноставно претходните полиси не ви се доволно покритие за сè што поседувате. Тогаш нема никаква дилема дека оваа полиса ќе обезбеди специјално покритие и осигурување на вашиот дом, имот и покуќнина.

Со посебна спецификација за поголеми вредности во домот ќе договориме и покритие за техника, опрема и предмети со поголема вредност.

Основни осигурени ризици што се покриени со специјална полиса
Пожар
Гром
Експлозија
Луња
Град
Манифестација и демонстрација
Летала
Удар на возила
Вандализам
Тежина на мраз и снег
Мраз
Излевање на вода од инсталации во станбени објекти

Покритието за провална кражба и разбојништво е до сумата на осигурување на осигурените предмети.

Полисата нуди и опции за дополнителни ризици како:

  • поплава, порој и високи води
  • слегнување на земјиште
  • снежна лавина
  • земјотрес
  • стакло од кршење

Покритие на ризик земјотрес

  • Опфаќа надомест на штети предизвикани од земјотрес што ја надминува магнитудата од 3,5 степени по Рихтеровата скала.
  • Ги покрива и штетите од неконструктивни пукнатини на објектите доколку се избере покритие без франшиза.
  • Во зависност од вашата одлука, го договараме со и без ваше учество во штета (франшиза).
Што осигуруваме со основната премија?
Станбени објекти (куќи, згради)
Подвижен имот во објектот што се осигурува (облека, покуќнина, мебел, електрични апарати) – имот без попис
Други градежни објекти (гаражи, летни кујни и сл.)
Трошоци за нужно сместување ✓ до 2 500 €
Што осигуруваме со лимити во рамките на основната премија (без попис)
Станбени објекти во деловни цели ✓ без доплаќање
Готови пари, вредносни хартии, златници… ✓  до 1 000 €
Накит, часовници, скапоцени и полускапоцени камења ✓ до 1 500 €
Скапоцености, вазни, сребрени предмети, крзна, слонова коска и сл. ✓ до 1 500 €
Уметнички слики и скулптури ✓ до 1 500 €
Оружје со уредна дозвола ✓ до 500 €
Надворешни носачи на податоци ✓ до 250 €
Имот земен под наем или лизинг ✓ до 500 €
Пловила внатре во градежните објекти ✓ до 1 500 €
ТВ, аудио и видеоопрема, алармен уред, по поединечен предмет ✓ до 1 000 €
Компјутери и компјутерска опрема ✓ до 1 000 €
Лаптоп, таблет и мобилен телефон, вклучително и оние  добиени од работодавецот ✓ до 500 €
Злоупотреба на граѓански чекови и кредитни картички од штети настанати од провална кражба и разбојништво ✓ до 250 €
Подвижен имот во други градежни објекти ✓ до 500 €
Штети на заеднички имот во згради ✓ до 1 500 €
Штети настанати надвор од местото на осигурување до 1 000 € (во масивен објект)

до 250 € (во друг објект)

Напомена: Не се опфатени штети од расипување и дотраеност.

Помош при времено губење на домот

Полисите покриваат и трошоци за привремено нужно сместување доколку вашиот дом е толку оштетен што во него не може да се живее.

Пример:

  • Изнајмување на наместен станбен објект со слична големина според цените во околината на местото на живеење, сѐ додека вашиот дом не се оспособи за нормално живеење.
  • Преселба на вашиот подвижен имот доколку се решите трајно да се иселите од местото на осигурување.

Осигурување од одговорност кон трети лица

Ова осигурување е опционално и кај сите полиси. Се однесува на ваша заштита доколку со вашето домаќинство или имот направите штета на соседните објекти и на соседите.

Пример: Доколку направите штета од излевање вода на соседниот стан или доколку покрај вашиот објект изгори и претрпи штета и соседниот.

Попусти

  • За обнова на осигурување.
  • За немање штети.
  • За франшиза.
  • За осигурување на група објекти.
  • Посебен попуст како дел од СЕМЕЕН ПАКЕТ.
  • За еднократно плаќање на премијата.
  • За долгорочно осигурување  на 5 или 10 години.
  • За повеќе осигурувања.
  • За поседување атестирани алармни уреди, блиндор-врати, код-ки сеф и сл.

Погодности при плаќање

Можност за плаќање на рати.

Директно од вашата сметка во деловна банка со траен налог.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188