МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Каско осигурување

Одлици покритија од искусен тим за целосна заштита на вашиот авотомобил

Нашите каско-полиси преку каско-производите што ги имаме се приспособливи на вашите потреби и навики како возач или сопственик на возило

  • Дали патувате во странство со автомобилот?
  • Дали имате потреба од поголема заштита?
  • Кои ризици сакате да ги покриете?
  • Дали одбирате осигурување со ваше учество при штета, така наречена франшиза? 

Разгледајте ги предностите и можностите. Тука сме да ви направиме понуда според вашите потреби или барања за да можете полесно да одлучите.

Каско-полисите се договараат на годишна основа и важат од денот на склучувањето. Може да се договори полиса и на покус рок во зависност од потребата или наша препорака во зависност од околностите.

ШТО Е ВАЖНО ЗА ДА НАПРАВИМЕ КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ?

За да направиме полиса, важни се неколку елементи врз основа на кои ќе ја договориме премијата::

  • типот и категоријата на моторното возило;
  • вредноста на моторното возилото, односно сумата на осигурување
  • ризиците што се опфаќаат со покритието;
  • франшизата, изборот на вашето учество во штетата, со што се намалува премијата 

НУДИМЕ НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ  КАСКО ПОЛИСИ

За полесно да се определите каква полиса ви е потребна, изработивме четири квалитетни каско-полиси:

  • Потполно каско-осигурување – вклучени се сите каско-ризици
  • Потполно каско-осигурување без кражба и разбојништво – сите каско- ризици, освен ризиците кражба и разбојништво;
  • Делумно каско-осигурување – каде што се вклучени само ризиците пожар,кражба и разбoјништво или осигурување само на стаклата од возилото (за патнички возила овој ризик најчесто се комбинира со полисите за автомобилска одговорност);
  • Проширено каско – осигурување на возилото доколку се патува надвор од географското подрачје на Европа и осигурување на дополнителна опрема, багаж, кое опфаќа покритие на дополнително вградена опрема на или во возилото (радио-ЦД, навигација, ТВ, носачи, прагови, натпис, реклами, прибор и алат и слично) и личен багаж од сопственикот на возилото или патниците.

OДБЕРЕТЕ ЈА КАСКО ПОЛИСАТА ШТО ВИ ТРЕБА! 

 

Што осигуруваме

ПОТПОЛНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ НА НОВОНАБАВНА ВРЕДНОСТ ПОТПОЛНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ

НА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ

ДЕЛУМНО КАСКО- ОСИГУРУВАЊЕ (СИТЕ КОМБИНАЦИИ)
Патнички моторни возила заедно со

опремата стандардно или дополнително испорачана од производителот

 

 

 

Мотоцикли, мопеди и слични возила X
Приклучни возила X
Сите други категории возила X
Моторни возила со странска регистрација X X
Багаж, дополнителна опрема и сл. X X
Pадио-ЦД, навигација, ДВД, ТВ, радиостаница, натпис, реклами и друг алат или опрема што се дополнително вградени на или во возилото и личен багаж  

 

X

 

X

Стаклата на патнички, товарни возила и автобуси, освен покривни стакла, стакла на светлата и на огледалата  

√*

 

* во случај на франшиза

 

√*

 

* во случај на франшиза

 

ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНОТО ВОЗИЛО

Важно: Сумата на осигурувањето зависи од вредноста/цената на возилото. Во нашата понуда има две можности, одлуката е по ваш избoр:

Пазарна вредност  – Каско-осигурување само на патнички возила

За нови патнички возила, вредност според фактура загарантирана за целата година на осигурување, без амортизација, или за користени возила, вредност според каталог и намалена поради вклучена амортизација,  исто така загарантирана за целата година на осигурување.

Вредноста на возилата се менува со староста, односно годината на производство, а со тоа се намалува и премијата.

Новонабавна вредност

Каско-осигурување на моторни и шински возила наменето за патнички и сите други категории моторни и приклучни возила

ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ

Можност за дополнување на осигурувањето со истата полиса за каско- осигурување и да се осигурите вие и вашите сопатници од последици на несреќен случај (незгода) со покритие по ваш избор.

ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО

Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа. Дополнителна можност за проширување на важноста и надвор од географското подрачје на Европа.

Тука сме да појасниме сѐ што ве интересира

Добијте практичен совет од нашите искусни агенти и бесплатна пресметка. За сите детали и разлики во полисите, како и за обемот на покритие, прочитајте во Условите за осигурување или јавете ни се.

Услови за осигурување +389 (02) 3115 188