МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Лична карта

Правен статус, седиште и датум на основање

Фирма: Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА, Скопје- Виена Иншуренс Груп

Скратен назив: МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Седиште: ул.11 Октомври бр.25 , 1000 Скопје

Датум на основање: 1 март 1945 година

Интернет- страница www.insumak.mk

ЕМБС:4067037

Основна главнина: 18460416,80 евра

Дозвола за вршење на работи во осигурување од АСО на РСМ

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп е запишана во регистарот на осигурителни друштва кој го води АСО на РСМ

Опис на дејноста

Дејноста на Друштвото е осигурување, односно сите видови неживотни осигурувања и реосигурување.

Податоци за големината на субјектот

Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп спаѓа во големи деловни субјекти.

Листа на класи на осигурување

  • Друштвото има дозвола за работа во следните класи на осигурување:
  • Осигурување од последици на несреќен случај (незгода);
  • Здравствено осигурување;
  • Осигурување на моторни возила (каско);
  • Осигурување на шински возила (каско);
  • Осигурување на воздухоплови (каско);
  • Осигурување на пловни објекти (каско);
  • Осигурување на стока во превоз (карго);
  • Осигурување на имот од пожар и од природни непогоди;
  • Други осигурувања на имот;
  • Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
  • Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;
  • Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;
  • Општо осигурување од одговорност;
  • Осигурување на кредити;
  • Осигурување на гаранции;
  • Осигурување од финансиски загуби;
  • Осигурување на правна заштита;
  • Осигурување на туристичка помош;