По добивањето на нашата награда за општествена одговорност ова лето, не заборавивме да продолжиме со активности кои ќе го зајакнат духот на солидарноста и ќе ја зацврстат свеста за одговорност кај вработените.
Oвој пат тоа го направивме на еден од најголемите празници на нашата земја – 11 октомври, со организирање на добротворна трка „Раздвижи го срцето“.
На трката која се одвиваше по скалите на нашата зграда, натпреварувачите вистински ги раздвижија своите срца и физички и емоционално. Тие се бореја за најдобро време со што можеа да освојат признание за себе и награда за добротворната цел кои сами ја избраа.
Почетниот фонд за наградите го обезбеди Осигурување Македонија, со дополнителен фонд се приклучи Винер лајф, а во трката директно земаа учество и претставници од Стар-ДТ и Тренд МР. Голем дел од наши вработени уште повеќе го збогатија фондот со свои донации што придонесе наградите, а со тоа и добротворниот прилог да бидат стварно од корист на оние кои ги добија.
Паричната награда која ја освоија победниците доброволно ја доделуваат на одредена добротворна организација, институција, личност на која и е потребна помош или кауза. Секој од 23 учесници си имаше свој избор кој беше испечатен на неговиот грб додека трчаше, така што навивачите можеа да навиваат и за каузата која ја сметаат за најблиска до нивните убедувања.
Трката помина во позитивен натпреварувачки дух. Сите се бодреа меѓусебно и духот на солидарноста се мешаше со адреналинот. Во продолжение се добитниците и нивниот избор за кого ќе биде наменет добротворниот прилог од наградата.
Покрај наградените се придружија и останати донатори кои потпомогнаа останати проекти и организации, а други се придружија со свој прилог на веќе наведените.
Во наредниот период ќе се доделуваат средствата поединечно, со учество на наградените.
Ветуваме дека ваквите наши потфати ќе ги има сè почесто и се надеваме дека ќе разбудат нова надеж и чувство за одговорност кај што е можно повеќе луѓе. Затоа ја шириме нашата порака до сите, да го раздвижат своето срце и индивидуално да бидат одговорни за подобрувањето на нашето заедничко општество.
Подолу имате дел од атмосферата, а доколку сакате да видите повеќе слики разгледајте го и целиот албум.