МАКЕДОНИЈА - осигурување - АД -

Кога и совршена претпазливост не е доволна тука е нашата нова услуга патната асистенција (ROADSIDE ORYX ASSISTANCE)

Додека го имате вашето АО или КАСКО осигурување кое ви ги покрива штетите, потребна ви е и помош во моментот кога непредвидливата ситуација ќе се случи.

Понекогаш и покрај сите наши безбедносни мерки и беспрекорна претпазливост се случуваат нешта кои се надвор од наша контрола. Во такви ситуации потребна ни е помош на која можеме да се потпреме во секое време.

Тука доаѓа нашата нова услуга патна асистенција (ROADSIDE ORYX ASSISTANCE) – производ на МАКЕДОНИЈА осигурување во партнерство со ORIX да ги избрише и вашите последни грижи за патување.

Бирајќи еден од три пакети за годишна претплата може да ги добиете сите можни асистенции на пат, кои ви се потребни. Од превоз и сместување, до поправка, влечење и достава на гориво. Потребите може да се мали како заборавен клуч во кола или дупната гума, па се до виша сила и неочекувани надворешни влијанија.

Оваа услуга го надополнува квалитетот на вашето осигурување и е достапна 24/7 низ целата година.

Понудата вклучува три различни пакети според вашите потреби,

  • ROADSIDE ORYX ASSISTANCE МАКЕДОНИЈА,
  • ROADSIDE ORYX ASSISTANCE РЕГИОН и 
  • ROADSIDE ORYX ASSISTANCE ЕВРОПА, 

а се однесува на помош на пат на соодветните територии.

Понудата е достапна за нашите клиенти со АО и каско осигурување. Може да ја побарате од вашиот осигурителен агент или да нè контактирате директно на https://www.insumak.mk/kontakt/

Во продолжение погледнете ги покритијата на секој пакет посебно

ROADSIDE ORYX ASSISTANCE МАКЕДОНИЈА РЕГИОН ЕВРОПА
Поправка на возило 10.000 ден. 15.000 ден. 25.000 ден.
Превоз на возилото 15.000 ден. 25.000 ден. 34.000 ден.
Алтернативен превоз за возач и сопатници 6.000 ден. 13.000 ден. 15.000 ден.
Достава на гориво, до 20 литри, неограничен број пати
Drive Angel апликација* Неограничено                  Неограничено                    Неограничено
Заменско возило / 2 дена најмногу

3.100 ден./дневно

4 дена најмногу
3.100 ден./дневно
Хотелско сместување / 3 дена
3.100 ден./дневно по лице
4 дена
3.100 ден./дневно по лице

За подетални информации за понудата и Условите погледнете на линкот. https://www.insumak.mk/wp-content/uploads/2026/02/uslovi-za-patna-asistenczija.pdf

За Полиса и стартување на вашата претплата кликнете тука. https://www.insumak.mk/kontakt/

Категории

Популарни