Виена
Иншуренс Груп

Профил на компанијата

Виена Иншуренс Груп (ВИГ) е една од водечките осигурителни групации што котираат на пазарите за хартии од вредност во Австрија и во Централна и во Источна Европа со години. Околку 23 000 вработени во 50 компании на Групацијата од 24 земји остварија околу 9,2 милијарди евра премија за 2013 година. Како водечко друштво за осигурување на клучните пазари, Виена Иншуренс Груп на своите клиенти им нуди сеопфатно портфолио од производи и од услуги од сите сегменти на животното и на неживотното осигурување, како дома и во двете, во Австрија и во Централна и Источна Европа.

Во својата долгогодишна историја исполнета со традиција – корените на компанијата датираат од 1824 година во Австрија – ВИГ успешно ги совладува сите предизвици што ги поставува историјата и мошне често ја презема улогата на пионер. Ова се случи во 1990 година, кога „Винер штедише“ („Wiener Städtische“) беше едно од првите друштва за осигурување од Западна Европа, кое ги препозна претстојните можности за развивање на пазарите во Централна и во Источна Европа и ја искористи можноста и влезе на пазарот во поранешна Чехословачка. Тоа беше почетокот на сите следни освојувања. Следуваше Унгарија во 1998 година, потоа Хрватска во 1999 година и Романија во 2001 година – да ги споменеме чисто како примери. Сега ВИГ работи на 24 пазари и се гордее со својата широка географска распространетост.

Број еден на своите главни пазари

Покрај Австрија, главни пазари на ВИГ се: Република Чешка, Словачка, Полска, Романија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Србија и Украина. Учеството на ВИГ на пазарот е околу 18%, што го прави ова друштво за осигурување број еден на овие пазари и ВИГ постојано работи за и понатаму да го задржи ова место.

Повеќе од половина од целата полисирана премија за 2013 година доаѓа од пазарите во ЦИЕ, што претставува импозантен доказ дека ВИГ има успешна стратегија за развој. Навистина, ако се земат предвид процесот на економска конвергенција на земјите во Централна и во Источна Европа, како и зголемената потреба за осигурително покритие што се наметнува, се покажува дека овој регион ќе продолжи да го зголемува своето значење.

Со ВИГ РЕ, друштво за реосигурување, кое се формира од страна на ВИГ во 2008 година со седиште во Република Чешка, уште еднаш се нагласува значењето на ЦИЕ, како регион со растечки пазарен потенцијал, за ВИГ.

24 пазари, една цел: да се продолжи со заедничкиот успех

И покрај широкиот спектар на барања на клиентите и на условите на пазарите поединечно, ВИГ насекаде има една заедничка цел: да се продолжи со успешното работење, при што ќе им се понуди на клиентите најдобрата осигурителна заштита. Тоа значи голема одговорност за ВИГ, па компаниите на Групацијата се целосно посветени на исполнувањето на оваа одговорност, користејќи професионални, современи и советодавни услуги и флексибилно осигурително портфолио. Со користењето на широка мрежа на услужни центри и на различни дистрибутивни канали, се обезбедува бараното приближување до клиентите. Во исто време, Групацијата се потпира на воспоставени регионални брендови, кои сега се под капата на Виена Иншуренс Груп, без притоа да се изгуби нивниот сопствен идентитет или својствената јачина. Токму својствената и посебна јачина и предност на овие компании се она што го чини семејството на ВИГ силно и моќно.

Стабилност што се засновува на заеднички вредности и на фокусирање на суштинските познавања

Виена Иншуренс Груп е прогресивен осигурувач, кој е крајно свесен за ризиците. Таа своите активности целосно ги посветува на својата главна дејност – осигурувањето. Сепак, Виена Иншуренс Груп им нуди различни форми на обезбедување на повеќето од своите клиенти.

Семејството на ВИГ

Семејството на ВИГ

Погледни

Обезбедувањето во смисла на сигурност, доверба и солидарност, исто така, зазема приоритетно место во работењето со деловните партнери, со вработените и со акционерите. Етичките вредности како што се чесноста, интегритетот, лидерството во однос на големите и на малите, разноликоста, еднаквите можности и посветеноста на клиентот лежат во основата на сите деловни одлуки.

Овој фундаментален пристап не се потврдува само преку стратегијата за постојан одржлив развој туку и преку одличната кредитна оценка. Во јуни 2013 година, агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ („Standard & Poor’s“) ја потврди оценката за кредитен рејтинг од A+ со стабилна позиција, со што ВИГ доби оценка за најдобро рангирана компанија според АТХ водечкиот индекс на берзата во Виена.

ВИГ и Ерсте Групација – два силни партнера

Во 2008 година, два водечки обезбедувачи на финансиски услуги во Централна и во Источна Европа – ВИГ и Ерсте груп – одлучија да го вкрстат својот успех работејќи заедно. За таа цел, склучија долгорочно стратегиско партнерство на заемна корист: филијалите на Ерсте груп се дистрибутивни канали за осигурителните производи на ВИГ, а за возврат – компаниите на ВИГ нудат банкарски производи за Ерсте групација.

Силно присуство на берзата, долгорочен принципален акционер

Акциите на ВИГ котираат на Виенската берза од 1994 година. Со пазарната капитализација на повеќе од 4,6 милијарди евра на крајот на 2013 година, Групацијата станува една од најголемите групации што котираат на берза. Таа се наоѓа и на второ место на листата за котација на пазарот за хартии од вредност во Прага од февруари 2008 година, со што уште еднаш се нагласува големото значење што централноевропскиот и источноевропскиот регион го имаат за Групацијата.

Околу 70% од акциите на ВИГ се во сопственост на „Винер штедише“ („Wiener Städtische Versicherungsverein“), кој е стабилен принципален акционер со долгорочни размислувања. Другиот дел од акциите се слободни акции.

Силен тим, атрактивен работодавец

„Нашиот успех зависи од луѓето“ – за создавањето на основата на деловниот успех на ВИГ служи и овој концепт, кој е водилка за управувањето со луѓето, и со тоа ВИГ ја утврдува својата позиција на атрактивен работодавец. ВИГ ја развива и ја поддржува програмата за знаење и за искуство за своите 23 000 вработени и ја поддржува нивната подготвеност да ги извршуваат своите задачи најквалитетно. Откривањето и развивањето на индивидуалните вештини што секое лице ги внесува во големиот тим на ВИГ се од големо значење, поради што постојат најразлични можности за обука и за напредно усовршување, како и програми за меѓународна размена и за меѓународна соработка во рамките на Групацијата за да се обезбеди дека се случува ова.

Повеќе информации за ВИГ можете да најдете на интернет страната www.vig.com и во Годишниот извештај на ВИГ.

Powered by CouchCMS