Профил на
Осигурување Македонија

За Осигурување Мaкедонија

Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност. Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите.

Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување:

  • имотни осигурувања;
  • осигурување на лица од незгода (несреќен случај);
  • осигурување на моторни возила;
  • осигурување транспорт;
  • осигурување одговорност;
  • патничко осигурување.

Мисија

Обезбедуваме врвно осигурување за своите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обесштетување.

Ја цениме довербата на сите свои клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурувањето, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање.

Посветени сме на стручната поддршка на своите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик.

Вредности

Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон вработените, кон клиентите и кон акционерите е водено од начелото за кредибилитет и за интегритет, лидерството за мали и за големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и од еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата:

  • Кредибилитет и интегритет

    Веродостојноста и интегритетот се нашите главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоките стандарди на однесување, на кредибилитет и на интегритет, кои треба да се применуваат во секоја поединечна ситуација од нашето работење.

  • Претприемаштво

    Знаеме дека делата се погласни од зборовите. Затоа, сите наши вработени се стремат кон истите цели, како што и се очекува од нив. Сите ние предничиме со својата стручност, креативност и тимска работа.

  • Задоволство на клиентите и квалитетна услуга

    Ние ги почитуваме своите клиенти, ги слушаме нивните желби и ги разбираме нивните очекувања. Тежнееме кон тоа да дадеме квалитетна услуга и услуга што ги надминува очекувањата на нашите клиенти.

  • Разбирање и почитување

    Се однесуваме едни кон други со почит и горди сме на значајните придобивки стекнати од различни вработени и на разновидните идеи. За да го продолжиме својот успех, мора да им обезбедиме на своите вработени можности за обука и за развој, помагајќи им да напредуваат и да се соочат со нови одговорности.

Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп

Ул.11 Октомври бр. 25, 1000 Скопје
Тел: 2 3115 188

Powered by CouchCMS