Осигурување од
незгода

македонија осигурување

Незгодата доаѓа неповикана и никогаш не доаѓа сама!

Незгодата освен болка и грижа со себе носи намалени придонеси, дополнителни трошоци, материјални проблеми. Заради тоа потребно е навреме да се мисли на осигурување за вакви ситуации.

Од богатството на материјалниот свет кој не опкружува, често несакајќи забораваме дека највредното нешто во нашите животи се луѓето. Што ќе се случи со нашето семејство ако нам ни се случи повреда, болест или несреќен случај? Што ќе се случи ако заради некоја незгода загубиме вреден работник, некој остане траен инвалид или за нечие лекување и опоравување е потребна долготрајна нега? Живееме во интензивно време со обврски, планови и грижливи секојдневија.

Осигурување Македонија со десении ја добива довербата од многу клиенти кои се осигуруваат од несреќен случај (незгода).

Како може да се договори осигурување од несреќен случај ( незгода)?

Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците по здравјето и животот на човекот. Постојат ризици вон контрола на луѓето, сепак она што секој човек може да го контролира е да одлучи навремено да направи осигурување, за себе и за блиските.

Постојат бројни можности и нема ограничување доколку се одлучите за неколку полиси. Осигурувањето се склучува годишно, и трае од денот на склучување на полисата. Територијално е неограничено. Може да се договори за траење 24 часа во денот, а може само во работно време.

Кој е одговорен да склучи полиса од незгода?

Одговорна одлука да направи осигурување може да донесе секој или:

  • Родителите за своите деца и за себе
  • Во компаниите сопствениците за себе и за своите вработени
  • Вработените по сопствена одлука и иницијатива
  • Училиштата за вработените и учениците
  • Здруженијата за своите членови
  • Спортските клубови и спортисти
  • Хотелиерите за своите гости
  • Коцертните и спортски сали за своите посетители
  • Возачите за себе и за своите патници
  • Земјоделците за своите семејства
  • Домаќинствата и пошироките семејства

Што содржи полисата за осигурување од незгода (несреќен случај)?

Полисата за осигурување содржи осигурени ризици кои може да предизвикаат за последица:

  • Траен инвалидитет и намалена работоспособност
  • Смрт од несреќен случај
  • Смрт од болест
  • Трошоци за дневен надомест
  • Трошоци за лекување

Осигурени суми за осигурени ризици по избор на клиентите!

За секој ризик поединечно договараме осигурени суми . Од тие суми зависи надоместот од осигурувањето ако несаканиот ризик се случи. Затоа е важно да ја разгледате нашата понуда и да поразговарате со нашите стручни продавачи. Тие ќе ви направат оптимална понуда согласно вашите потреби и можности.

Претходно треба да ги дадете потребните податоци и да одговорите на прашањата во понудата за лично осигурување од последици на несреќен случај.

Дали осигурувањето од незгода е достапно за сите?

Разгледајте неколку варијанти за да можете да одлучите за полиса за осигурување. Полисите меѓусебе се разликуваат во однос на ризиците кои ги покриваат, како и во однос на лицата кои се осигуруваат.

Стапете во контакт со нашите агенти, застапници и брокери и одберете ја полисата која најмногу одговара на вашите потреби и можности и обезбедете сигурност.

Осигурувањето се склучува согласно Условите за осигурување од незгода и посебни услови.

  • Осигурувањето може да го склучите со траење со траење од една година
  • Во полисата осигурените суми и премијата се искажуваат во денари
  • Со полисата ги добивате и Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) кои се составен дел на полисата за осигурување.

Овде може да ја погледнете брошурата

За детално објаснување на ризиците и покритијата во изборот на полиси ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 3 115 188 или на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS