Моторни возилаАвтомобилска одговорност и
зелена карта

македонија осигурување

Автомобилска одговорност

Законски задолжително осигурување при регистрацијата на сите патнички возила, товарни возила, автобуси, влечни возила, специјални возила, мотоцикли, приклучни возила, работни возила и возила со странска регистрација.

Со оваа полиса е осигурена вашата одговорност за штетите што со своето возило може да ги направите на „трети лица“, односно на други учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи, Осигурување Македонија ја презема одговорноста за надомест на штетата кон „трети лица“.

За што се осигурувате?

Ако при сообраќaјната незгода настане последица   Доколку вие причините штетa на трето лице Со ПОЛИСАТА ЗА АО
  • нарушување на здравјето
  • телесна повреда
  • смрт
на учесници во сообраќајот (возачи, патници, пешаци) – „трети лица“ ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ
ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
КОН ТРЕТИ ЛИЦА
Оштетување или уништување на моторното возило на учесниците во сообраќајот – „трети лица“
 

Зелена карта

Како клиент со полиса за АО (автоодговорност) од Осигурување Македонија, ако патувате со своето возило во странство, треба да имате ЗЕЛЕНА КАРТА од Осигурување Македонија, која е достапна на сите наши продажни места; зелената карта е полиса што ја осигурува вашата одговорност како возач на вашето возило во други земји.

Покрај основното, може да направите и осигурување за возач и за патници за следните последици од незгода:

  • траен инвалидитет;
  • смрт од несреќен случај;
 

Може да ги вклучите во осигурувањето и стаклата на возилото, според условите за комбинирано осигурување на моторни возила.

  • За нашите клиенти со полиса за автоодговорност имаме попусти за каско-осигурување на моторни возила и попусти во СЕМЕЕН ПАКЕТ.
  • Купете полиса за автоодговорност во нашите канцеларии или јавете им се на нашите овластени лица и тие ќе ја донесат полисата кај вас. Следното што треба да го направите се техничкиот преглед и заверката во МВР.
  • Правата и обврските според оваа полиса се во согласност со условите за осигурување од автомобилска одговорност (врска кон условите). Нив ќе ги добиете при купувањето на полисата, која е достапна во сите наши канцеларии низ Македонија, на продажните места на нашите овластени дистрибутери и брокери и кај нашите агенти и застапници за осигурување, кои полисата ќе ја донесат на вашето работно место или дома, односно таму каде што ќе одберете.

Овде може да ја погледнете брошурата.

За детално објаснување на ризиците и на покритијата во изборот на полисите, ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 02/ 3115-188 или пишете на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS