Каско осигурување

Ако голем дел од вашиот бизнис зависи од вашиот возен парк, ако сте инвестирале
во патнички и во товарни возила или во работни машини, ние имаме соодветно каско-
осигурување, кое ќе го покрие трошокот при несаканите штети што може да се случат.

македонија осигурување

За сите фирми-сопственици на моторни возила

Каско-осигурувањето е само една одговорна одлука повеќе, која ќе ја донесете за да ги осигурите растот и стабилноста на својот бизнис, доверувајќи му дел од своите грижи на финансиски моќен осигурувач. Каско-осигурувањето е доброволно и со него се покриени штети што не се опфатени со задолжителното осигурување при регистрација на возилото.

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?

Каско-осигурувањето покрива штети на вашето возило настанати од ризиците:

  • сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
  • пожар;
  • удар од гром;
  • експлозија;
  • лоши услови на патот;
  • луња;
  • град;
  • поплава, порој и високи води;
  • злонамерни постапки;
  • пад или удар на некој предмет врз возилото;
  • кражба и разбојништво.

Осигурете го каско возниот парк!

Со полисите за каско-осигурување нудиме покритие за:

  • правни лица за возниот парк за патнички и товарни возила, приколки, работни возила и др.
  • големи индустриски комплекси за возниот парк и за работните возила.

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?

Каско-осигурувањето покрива штети на вашето возило настанати од ризиците:

  • сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
  • пожар;
  • удар од гром;
  • експлозија;
  • лоши услови на патот;
  • луња;
  • град;
  • поплава, порој и високи води;
  • злонамерни постапки;
  • пад или удар на некој предмет врз возилото;
  • кражба и разбојништво.

Што е важно за да направиме каско-осигурување?

За да направиме полиса, важни се неколку елементи врз основа на кои ќе ја договориме премијата:

  • типот и марката на моторното возило;
  • методот на определување на сумата на осигурување;
  • ризиците што ќе бидат опфатени;
  • франшизата (односно изборот на определено учество во штета – самоучество);
  • бројот на моторни возила.

Осигурување Македонија внимава на изборот на клиентите. Затоа, направи неколку комбинации на квалитетни каско-полиси:

  • потполно каско-осигурување – вклучени се сите каско-ризици;
  • потполно каско без кражба и разбојништво – сите каско-ризици без кражба и разбојништво;
  • делумно каско – во кое се вклучени ризиците пожар и кражба;
  • делумно каско – стакло (и кон полиси за АО).

На која вредност е осигурено моторното возило?

Важно: Надоместот од осигурувањето и осигурената сума се во заемна зависност.

Новонабавна цена Новонабавна цена на возило со вклучени транспортни трошоци, данок, царина и сл.
- кај товарни возила – новонабавна вредност без ДДВ;
- возила со дипломатски и привремени таблици - без царина, акциза и ДДВ;
- возила со странски и царински таблици - фиксна премија.
Пазарна вредност Намалена вредност поради вклучување на амортизација. Вредноста на возилата се менува со староста, а со тоа се намалува и премијата.
Што осигуруваме Потполно каско-осигурување на новонабавна вредност Потполно каско-осигурување на пазарна вредност Делумно каско-осигурување (сите комбинации)
стакла на патнички автомобили, освен покривни стакла, стакла на светлата и на огледалата
товарни возила  
автобуси и слични возила  
влечни возила  
специјални моторни возила  
моторцикли и слични возила  
приклучни возила  
моторни возила со странска регистрација  
работни возила  
багаж, дополнителна опрема и сл.  
радиоапарат, касетофон, радиоапарат со ЦД, ДВД, телевизор и радиостаница на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот    
рекламни натписи во возилото и на возилото    
Стакла на патнички автомобили, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата    
стакла на товарни возила, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата    

Дополнително покритие

  • дополнителна опрема, багаж;
  • рекламни натписи во возилото и на возилото;
  • осигурување од ризикот кршење кај возилата што имаат работен уред.

Дополнително осигурување на патници

Може да го дополните осигурувањето со истата полиса за каско-осигурување и да се осигурите вие и вашите сопатници од последици од несреќен случај (незгода).

Изборот дали да купите целосно (full) каско или со некоја франшиза (односно определено учество во секоја штета – самоучество) е ваш. Изборот кои ризици ќе ги опфатите со полисата е, исто така, ваш. Зависи од вашите потреби, од тоа дали патувате во странство, дали сакате да одвоите помалку или повеќе средства за заштита на својата инвестиција.

Внимателно разгледајте ги предностите и можностите, нашите овластени лица нека ви направат неколку пресметки за да може да одлучите поедноставно.

Каско-полисите се договараат на годишна основа и важат од моментот на склучувањето.

Територијална важност на осигурувањето:

Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа.

 
македонија осигурување

Голем број попусти

Ја наградуваме довербата на клиентите со попусти на многу основи, кои може да достигнат и до 50% од премијата:

  • попусти за повеќе возила;
  • попуст за обновување на осигурувањето;
  • попуст за немање штета по каско-полиса;
  • попуст доколку се исклучи ризикот кражба;
  • попуст за вграден аларм и други елементи за заштита;
  • попусти за плаќање во готово;
  • попуст ако имате полиса за АО во Осигурување Македонија.

 

Овде може да ја погледнете брошурата.

За детално објаснување на ризиците и на покритијата во изборот на полисите, ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 02/ 3115-188 или пишете на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS