Пакет полиса за имоти

Вашиот успешен бизнис е успешен само затоа што во него е вложен дел од вас, вашата енергија, време и пари, можеби сте го посветиле целиот свој живот во него. Дозволете му непречено да расте со тоа што ќе му обезбедите сигурна иднина. Ние работиме со ризиците фокусирано и со разбирање. Оттаму, ја разбираме и вашата потреба за сигурност. Затоа, ја создадовме понудата со осигурени ризици и покритија, а пакет-полисата одберете ја вие.

македонија осигурување

Што содржи пакетот за продавници и за услужни дејности?

Наменет за продавници, угостители, канцеларии, мали работилници и за услужни дејности, пакетот предвидува клиентот да одбере секции со покритија за осигурување, комплет или поединечно, во согласност со својата потреба од дејноста. Секцијата имот е задолжителна. Во полисата што ја добивате ќе бидат наведени сите секции за кои е склучено осигурувањето, заедно со условите за осигурување.

  • пожар;
  • удар на гром;
  • ветер и вода;
  • експлозија;
  • бунт и штрајкови;
  • вандализам, злонамерна штета;
  • штета од несреќен случај (за објекти и за резерви).
македонија осигурување 

Кои се предностите на осигурувањето на вашиот бизнис во пакет?

  • Една полиса – повеќе осигурувања.
  • Комбинирате ризици и покритија соодветно на својата дејност.
  • Поедноставна административна процедура.
  • Големи попусти за купување во пакет или на најмалку 3 секции од него.
  • Големи попусти за франшизи поповолни од стандардни полиси.
  • Вклучени се ризици како случајна незгода, вандализам и цела секција транспорт.
  • Можност за повраток на парите во рок од 14 дена.
  • Можност за откуп на амортизација.

Повикајте ги нашите претставници од продажбата. Тие ќе ви помогнат да ги разгледате потребите за осигурување во вашата фирма. Јавете се на телефонскиот број 02/ 3115-188. Испратете електронска порака на info@insumak.mk. Сите консултации и пресметки се бесплатни и без обврска за осигурување. Овде може да ја погледнете брошурата.

Powered by CouchCMS