Осигурување од
незгода

македонија осигурување

Незгодата доаѓа неповикана и никогаш не доаѓа сама!

Незгодата, освен болката и грижата, со себе носи и намалени придонеси, дополнителни трошоци и материјални проблеми. Поради тоа, потребно е навреме да се мисли на осигурувањето за вакви ситуации.

Од богатството на материјалниот свет што нè опкружува, често не сакајќи забораваме дека највредното нешто во нашите животи се луѓето. Што ќе се случи со нашето семејство ако нам ни се случи повреда, болест или несреќен случај? Што ќе се случи ако поради некоја незгода загубиме вреден работник, ако некој остане траен инвалид или ако за нечие лекување и заздравување е потребна долготрајна нега? Живееме во интензивно време, со обврски, со планови и со секојдневје исполнето со грижи.

Осигурување Македонија со децении ја добива довербата од многу клиенти што се осигуруваат од несреќен случај (незгода).

Како може да се договори осигурување од несреќен случај (незгода)?

Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците за здравјето и за животот на човекот. Постојат ризици надвор од контролата на луѓето, сепак она што секој човек може да го контролира е да одлучи навремено да направи осигурување, за себе и за блиските.

Постојат голем број можности и нема ограничување доколку се одлучите за неколку полиси. Осигурувањето се склучува годишно и трае од денот на склучувањето на полисата. Територијално е неограничено. Може да се договори за траење 24 часа во денот, а може и само во работното време.

Што содржи полисата за осигурување од незгода (несреќен случај)?

Полисата за осигурување содржи осигурени ризици што како последица може да предизвикаат:

  • траен инвалидитет и намалена работоспособност;
  • смрт од несреќен случај;
  • смрт од болест;
  • трошоци за дневен надомест;
  • трошоци за лекување.

Осигурени суми за осигурени ризици по избор на клиентите!

За секој ризик поединечно договараме осигурени суми. Од тие суми зависи надоместот од осигурувањето ако се случи несаканиот ризик. Затоа е важно да ја разгледате нашата понуда и да поразговарате со нашите стручни продавачи. Тие ќе ви направат оптимална понуда во согласност со вашите потреби и можности.

Претходно треба да ги дадете потребните податоци и да одговорите на прашањата во понудата за лично осигурување од последици од несреќен случај.

Дали осигурувањето од незгода е достапно за сите?

Разгледајте неколку варијанти за да можете да одлучите за полисата за осигурување. Полисите меѓу себе се разликуваат во однос на ризиците што ги покриваат, како и во однос на лицата што се осигуруваат.

Стапете во контакт со нашите агенти, застапници и брокери и одберете ја полисата што најмногу одговара на вашите потреби и можности и обезбедете сигурност.

Осигурувањето се склучува во согласност со условите за осигурување од незгода и со посебни услови.

  • Осигурувањето може да го склучите со траење од една година.
  • Во полисата осигурените суми и премијата се искажуваат во денари.
  • Со полисата ги добивате и општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај (незгода), кои се составен дел на полисата за осигурување.

Овде може да ја погледнете брошурата.

За детално објаснување на ризиците и на покритијата во изборот на полисите, ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 3 115 188 или на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS