Каско осигурување

Квалитетот на нашиот живот денес во голема мера зависи од нашите автомобили.
Каско-осигурувањето е наменето да обезбеди брзо санирање на последиците
од осигурените ризици и заштита на инвестицијата во автомобил и во други моторни возила.

македонија осигурување

За сите сопственици на моторни возила

Каско-осигурувањето е доброволно и со него се покриени штети што не се опфатени со задолжителното осигурување при регистрација на возилото.

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?

Каско-осигурувањето покрива штети на вашето возило настанати од ризиците:

  • сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
  • пожар;
  • удар од гром;
  • експлозија;
  • лоши услови на патот;
  • луња;
  • град;
  • поплава, порој и високи води;
  • злонамерни постапки;
  • пад или удар на некој предмет врз возилото;
  • кражба и разбојништво.
  • Каско-осигурувањето е наменето за сите физички лица што инвестирале во автомобил.
  • Сите семејства преку СЕМЕЕН ПАКЕТ може да го осигурат каско семејниот автомобил или да осигурат каско повеќе возила во семејството за солиден попуст.

Што е важно за да направиме каско-осигурување?

За да направиме полиса, важни се неколку елементи врз основа на кои ќе ја договориме премијата:

  • типот и марката на моторното возило;
  • методот на определување на сумата на осигурување;
  • ризиците што се опфаќаат;
  • франшизата (односно изборот на определено учество во штета – самоучество).

Осигурување Македонија внимава на изборот на клиентите. Затоа, направи неколку комбинации на квалитетни каско-полиси:

  • отполно каско-осигурување – во кое се вклучени сите каско-ризици;
  • потполно каско без кражба и разбојништво – сите каско-ризици без кражба и разбојништво;
  • делумно каско – во кое се вклучени ризиците пожар и кражба;
  • делумно каско – стакло (и кон полиси за АО).

На која вредност е осигурено моторното возило?

Важно: Надоместот од осигурувањето и осигурената сума се во заемна зависност.

Новонабавна цена Новонабавна цена на возилото со вклучени транспортни трошоци, данок, царина и сл.
- возила со дипломатски и привремени таблици - без царина, акциза и ДДВ;
- возила со странски и царински таблици - фиксна премија.
Пазарна вредност Намалена вредност поради вклучување на амортизација. Вредноста на возилата се менува со староста, а со тоа се намалува и премијата.
Што осигуруваме Потполно каско-осигурување на новонабавна вредност Потполно каско-осигурување на пазарна вредност Делумно каско-осигурување (сите комбинации)
патнички моторни возила заедно со радиоапарат, со алат и со прибор стандардно испорачани од производителот
мотоцикли и слични возила  
приклучни возила  
моторни возила со странска регистрација    
багаж, дополнителна опрема и сл.    
радиоапарат, касетофон, радиоапарат со ЦД, ДВД, телевизор и радиостаница на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот    
стакла на патнички автомобили, освен покривни стакла, стакла на светлата и на огледалата    

Дополнително покритие

Дополнителна опрема, багаж

Дополнително осигурување на патници

Може да го дополните осигурувањето со истата полиса за каско-осигурување и да се осигурите вие и вашите сопатници и од последици од несреќен случај (незгода).

Изборот дали да купите целосно (full) каско или со некоја франшиза (односно определено учество во секоја штета – самоучество) е ваш. Изборот кои ризици ќе ги опфатите со полисата е, исто така, ваш. Зависи од вашите навики како возач, од тоа дали патувате во странство, дали сакате да одвоите помалку или повеќе средства за заштита на својата инвестиција. Внимателно разгледајте ги предностите и можностите, нашите овластени лица нека ви направат неколку пресметки за да може да одлучите поедноставно.

Каско-полисите се договараат на годишна основа и важат од моментот на склучувањето.

Територијална важност на осигурувањето:

Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа.

 
македонија осигурување

Голем број попусти

Ја наградуваме довербата на клиентите со попусти на многу основи, кои може да достигнат и до 50% од премијата:

  • попуст за обновување на осигурувањето;
  • попуст за немање штета по каско-полиса;
  • попуст доколку се исклучи ризикот кражба;
  • попуст за вграден аларм и други елементи на заштита;
  • попуст како дел од СЕМЕЕН ПАКЕТ;
  • попусти за плаќање во готово;
  • попуст ако имате полиса за АО во Осигурување Македонија.

 

Овде може да ја погледнете брошурата

Powered by CouchCMS