Историјат

Друштвото има зад себе повеќе од 68 години осигурително искуство и усогласување со
современите текови за да секогаш има најдобра услуга и квалитетно осигурување
за корисниците.

  • Почетоци преку осигурителни заводи и заедници
  • 1945

    За почеток на развојот на осигурувањето на имоти и на лица во државата се смета 1 март 1945 година, кога е формиран Државниот осигурителен завод, попознат меѓу населението како ДОЗ. Тоа е првата општествена институција за осигурување во Република Македонија.

  • 1962

    Под името ДОЗ оваа организација дејствува сè до 1961 година, кога е донесен нов основен Закон за осигурителните заводи и заедници за осигурување, кој стапи во сила на 1 јануари 1962 година. Според овој закон, на подрачјето на Македонија во тој период дејствуваат 14 комунални осигурителни заводи.

  • 1966

    Во 1966 година доаѓа до интеграција на овие комунални осигурителни заводи во еден единствен Завод за осигурување на имоти и лица на подрачјето на Републиката.

  • 1974

    Благодарение на законските измени, осигурителните организации почнуваат да работат според економски принципи и нивната положба се изедначува со положбата на другите стопански организации. Една од главните карактеристики на овој период е укинувањето на задолжителното осигурување на имотот, кое станува доброволно.

    Со донесувањето на Уставот на тогашната СФРЈ од 1974 година, се формираат заедници за осигурување имоти и лица или скратено – ЗОИЛ „Македонија“.

  • Трансформирање во акционерско друштво
  • 1990

    Како ЗОИЛ „Македонија“ компанијата дејствува сè до 1990 година, кога со нови законски измени тогашните заедници се трансформираат во организирање на акционерски друштва за осигурување. Основачи на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување „Македонија“ се сто акционери-осигуреници на друштвото.

  • 1992

    Од ноември 1992 година, првпат АДОР „Македонија“ ја проширува својата дејност со активно реосигурување.

  • 1995

    Кон средината на 1995 година, преку вложување странски капитал од англиската фирма „Киненмонт Ламберт“ и сопствен капитал на АДОР „Македонија“, формирана е „МАК-ЛОН“ со седиште во Скопје. Оваа фирма се занимава со осигурувањето на животот.

  • Локална експертиза, интернационално искуство и финансиска стабилност
  • 2000

    Кон крајот на март 2000 година, на македонската берза за долгорочни хартии од вредност познатата австралиска осигурителна и реосигурителна компанија QBE Insurance Group од Сиднеј, Австралија, станува сопственик на управувачкиот пакет акции од тогашното АДОР „Македонија“.

  • 2013

    Локалното искуство и експертиза се надополнети со интернационалното искуство и финансиска моќ. Современата осигурителна компанија Осигурување Кјуби Македонија во април 2013 година преминува во сопственост на ВИГ (VIG) од Австрија.



Друштвото има зад себе повеќе од 68 години осигурително искуство и усогласување со современите текови за секогаш да има најдобра услуга и квалитетно осигурување за корисниците.

Долгогодишното искуство и доверба од клиентите ѝ даваат право на денешната Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп да е горда што е синоним за осигурување во Македонија.

 

 

 

Powered by CouchCMS