Блог

Назад кон Блог 16/10/2018

Повторно ги раздвижувме срцата

Што значи да се биде дел од една осигурителна компанија? Да си дораснат на предизвикот да уживаш доверба кај другите луѓе. А за тоа треба да имаш отворено срце кое ќе ги разбере луѓето, нивните потреби и проблеми. Токму затоа ние постојано ја важбаме нашата лична одговорност, отвореност и разбирање со постојани активности и практики во полето на општествената одговорност.

Доделување на наградата за најдобро време од женската трка.

Еден таков настан, кој веќе станува традиционален, е нашата интерна добротворна трка „Раздвижи го срцето“ која се одвива на скалите од нашата висококатница веќе две години со ред. Кoнцептот на оваа трка има три аспекти:

  • едниот е практикување на здрави навики како трчање кое го зајакнува нашиот организам – особено срцето,
  • другиот аспект е хуманиот, каде што победниците ги донираат своите награди за добротворни цели
  • третиот е скокоткањето на срцата на сите присутни на овој настан каде што се зацврстува солидарноста, поддршката и заедништвото.

И оваа година, исто како лани, „Раздвижи го срцето“ се одржа на 11 октомври, а патеката по која се искачувавме беа 275 скали на 12 ката. Секој учесник одредува хумана цел на која го посветува своето достигнување и се бори за тоа, трчајќи за најдобар резултат. Избрани беа 8 институции на кои ќе им биде разделен наградниот фонд, а тој исто така баше збогатен и со лични донации од останатите вработени. Натпреварувачите беа бодрени и мотивирани од своите колеги, пријатели и роднини, а присуството на децата од VIG KIDS кампот, кои довикуваа и ракоплескаа ја возвишија целата атмосфера на вистинско празнично ниво.

Учесниците заедно со децата од VIG KIDS кампот

Во наредниот период победниците ќе ги посетат лично добитниците на донациите и ќе се запознаат со нивната работа.

Добитници на донациите:

Дневен центар за лица со церебрална парализа-Прилеп
Центар Мајка Tереза – Гевгелија
Ретвитни оброк
Фондација Рето Надеж – Скопје
Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница во Македонија
ДСУ за образование и рехабилитација Искра –Штип
Прва детска амбасада Меѓаши
Маца Овчарова – Велес

Победници мажи:

  1. Велко Димишков
  2. Глигорчо Алексов
  3. Ангел Шојлев
  4. Глигор Дубровски
  5. Филип Мешков
  6. Дамјан Козаров

Победници жени:

  1. Елена Алексовска
  2. Даниела Јакимовска
  3. Татјана Димов
  4. Даниела Козарова
  5. Кристина Сипковска

Ова е уште еден во низата проекти од нашата програма „75 ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ОСТАВАТ ИМПАКТ НА ЗАЕДНИЦАТА“ преку кои сакаме да покажеме што значи да си одговорен граѓанин на нашата земја и уште повеќе одговорен вработен на една компанија која секојдневно ја практикува одговорноста како вредност, бидејќи довербата на нашите клиенти е она што ни е најважно.