Блог

Назад кон Блог 12/01/2018

Што да правиш, а што не, во случај на сообраќајна несреќа

Што треба да правиш

  1. Биди учтив/а
    Остани културен и смирен кога разговараш со другиот возач.
  2. Запиши забелешки
    Запиши како поминала сообраќајката за да не ги заборавиш деталите.
  3. Забележи ја штетата
    Направи фотографии од сообраќајната незгода и нанесената штета на возилата.
  4. Провери дали имаш повреди
    Дури и да мислиш дека не си повреден/а консултирај се со лекар.


Што не треба да правиш

  1. Да го напуштиш местото на несреќата
    Провери дали другиот возач е повреден и повикај полиција.
  2. Да признаеш вина
    Секое извинување може да се земе како признавање на вината.
  3. Да не си размениш докумети
    Размени ги информациите за осигурувањето и запиши ги личните информации на возачот. Доколку двајцата се сложувате, пополнете европски извештај.
  4. Да не го контактираш твоето осигурување.
    Веднаш кога ќе се случи несреќата, важно е да го контактираш своето осигурување за да добиеш помош и совети. За вакви ситуации ние имаме и бесплатен телефонски број 080010000

Доколку си повреден при несреќата:

Во најбрз можен рок побарај медицинска помош

Дури и да немаш видливи знаци на повреда. Доколку ова го одложуваш ќе биде потешко да се докаже дека повредите се предизвикани од несреќата.

Набави полициски извештај

Прочитај го убаво за да се осигураш дека се е опфатено. Доколку нешто се изостави може да влијае врз твоето право да добиеш отштета.

Побарај совет од правник

Адвокат ќе ти помогне да ги заштитиш твоите права кога си повреден во сообраќајна незгода. Остави на експерт да ги истера работите со осигурителните компании и папрологијата додека закрепнуваш.