Блог

Назад кон Блог 28/12/2017

Каква година ни беше 2017?

Што се прави на крај на годината, ако не ретроспективи на изминатата. Кој биле најдобри филмови, песни, фотографии, настани (добри или лоши) или забележителни успеси кои ја одбележале годината.

Нашата листа ќе биде составена од поважните настани, нови продукти, случувања и успеси на нашата компанија во оваа година.

Нови продукти

Оваа година направивме еден нов продукт и унапредување на стариот добар best sale продукт.

Здравствено осигурување

Здравјето е најголемото богатство и секогаш има начини повеќе да го заштитиме и зачуваме. Нашиот нов продукт „здравствено осигурување“ е веќе лансиран и може да се информирате за деталите кај нашите агенти. Што се однесува до пакувањето, сеуште е во подготовка и ќе можете да го погледнете заедно со нашиот нов веб сајт во 2018.
Сега може да ги прочитате:

Полиса за домаќинство

Веќе имавме еден блог пост каде што ве запознавме со унапредувањето на полисата за домаќинство, а оваа година спремивме еден од нашите најуспешни видео спотови што ја промовираше оваа новина. За деталите на полисите за домаќинство погледнете ја брошурата, а за ваше уживање уште еднаш погледнете го спотот за нејзина промоција со стиховите на Владимир Мартиновски.

Настани и награди

Наградата Гунтер Гејер

Веќе подолго време нашата работа во подигање на свеста за општествена одговорност е интензивна и посветена, па оваа година бевме наградени за тоа со наградата за општествена одговорност Гунтер Гејер од страна на Виенер Штатише Версихеругсвераин. За доделувањето на наградата подготвивме и лежерен дневен настан во Public Room со опуштена музика, коктел и порака за зголемување на свесноста за општествена одговорност кај компаниите и поединците.
Имаме и кратко видео од овој настан.

Кога го размрдавме срцето

На 11 октомври дел од нашите вработени решија да го посветат своето време во учество на добротворната трка „Раздвижи го срцето“. Донациите од победниците беа поделени по нивни избор и освен забава за учесниците и присутните оваа трка донесе помош таму кај што е потребно.
Погледнете го видеото како помина траката

Спонзорства и соработки

Нашата листа на оние кои со задоволсто ги помагаме, постојано се зголемува и тука оваа година беа нашите пријатели од Меѓаши, Борка, Кино Култура, Ајде Македонија, сите за различни проекти кои унапредуваат различни аспекти од општественото живеење.

Ги поддржавме и интересните млади и надежни иноватори од Стартап тимот СВИФТ како победници на NASA space app challenge за нивното патување во Флорида и NASA Kennedy Space Центарот.

Потпомогнавме и на Драмски Театар, АРТ СИНЕМА за Киненова фестивалот, ФК Преспа, Ракометен турнир Струга, Ротари клуб Кавадарци.
Една од донациите кои ни го стоплија срцето беше и таа за учениците од Бајловце за подобрување на условите во наставата за децата од тоа село.

Но нашата посветеност и работа не завршуваат тука и нема да ги спомнеме останатите дела за кои најважно е тоа што се направени од срце и немаат потреба од истакнување. Со исто темпо ќе продолжиме и следната година во која ве очекуваат нови изненадувања од нас и подобрување на нашите услуги и отвореност за соработка.

Се гледаме во 2018.